Од Македонија незаконски се одлеале 4,6 милијарди долари

– 111,6 милијари долари се одлеани од Балканот, од земјите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија во периодот меѓу 2001-2010-та. Преку облици на криминал, корупција и даночно затајување, мито, има илегално одлевање на пари во различни банки. Мора да се стори нешто за ова. Бројките се шокантни. Тоа значи, помалку пари за образование, здравствена заштита, инфраструктура, пензии. Инвеститорите со чесни намери го одбегнуваат регионот, знаејќи дека нема владеење на правото, независност на судството и заштита на сопственичките права, вели Срдоч во интервју за Гласот на Америка на македонски во кое говори за проблемот со корупцијата, криминалот и даночното затајување во изминатите 10 години.

Според неа, Македонија загубила 4,6 милијарди долари во периодот меѓу 2001-2010 преку криминал, корупција и даночно затајување од политичари, официјални лица. Тоа е вели, голема бројка бидејќи станува збор за 44 проценти од бруто домашниот производ во 2011-та.

Од земјите во регионот во однос на номиналната сума најмногу страда Србија. Од оваа земја, како што посочува таа, се одлеале над 51 милијарда долари за истиот период. Во однос, пак, на процентот од бруто домашниот производ тоа е Црна Гора – 138%.

Прашана како да запре растечкото осиромашување на 64 милиони жители од Балканот Срдоч вели „не можете да се справите со овие проблеми ако не се справите со владеењето на правото, независното судство и заштитата на сопственичките права“.

– Има големо политичко влијание врз судството. Затоа нема решение на ваквите случаи. Треба да се известува за одлевањето на парите. Треба да се конфискува илегалното богатство на владините официјални лица и политичари од 1991-ва во сите земји од регионот. Меѓународни судии и обвинители може да им помогнат на чесните колеги од тамошни земји. Тоа ќе биде поттик да се појави нова генерација судии која ќе гледа на правосудството како на чесна професија, а така на неа не се гледа во моментот, оценува Срдоч.

Институтот за јавна политика Адријатик, заедно со организацијата Глобален финансиски интегритет од Вашингтон, ќе започне нова студија за нелегалното одлевање на пари од Балканот во периодот од 1991-ва до 2011-та.

Извор Бриф

Leave a Reply

Your email address will not be published.