Очила за менување на биолошкиот часовник

Професорот Лион Лак, кој се занимава со проучување на шемите на сонот, изјави дека апаратот наречен „Re-Timer“ го стимулира делот од мозокот одговорен за биолошкиот часовник.
Така овој изум би им бил корисен на луѓето кои често ги менуваат временските зони или работат во смени.
– Зелената светлина на овие очила го стимулира делот од мозокот задолжен за регулирање на телесниот часовник кој влијае врз шемите за спиење, метаболизмот, будноста и концентрацијата, истакнува Лак.
Лицата кои сакаат порано да стануваат, би требало да го носат апаратот 50 минути наутро, додека оние кои сакаат да се будат подоцна треба да ги носат очилата 50 минути пред заминување в кревет.
„Re-Timer“ можат да се носат за време на нормалните дневни активности, како што се читање весници или работа на компјутер.
Очилата имаат вградена батерија која може да се полни, а чинат околу 220 евра.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.