ОБСЕ во вртлогот на македонскиот ендемски патриотизам

Возможно е ОБСЕ да влегол во вртлогот на нашиот ендемски патриотизам, затоа што ми се исчитуваат неколку работи: едните велат дека тоа се млади луѓе кои имаат обетки и пркосно однесување, МВР пак, се обраќа со пораката „Стоп на насилството“, а пак, мене ми се гледа како „отворена врата“: Скин-хедс кој заема пиштол в рака, а толпата тргнува некому да расплаче мајче

 

Што прави нормално МВР во нормална держава? Го апсиш сиот башибозук, се’ она што мисли дека носењето пиштол, како еден вид екстремен спорт, вклучува и „господово насилие“. Во чие име, и во која Светост, авторот на клипот не’ води низ мотивот на овој млад човек спремен да „рокне“ некого? Пред неколку години (да го поставиме проблемот низ еден пример), ист ваков клинец, со токи, со чизми, ремен, шипка, ист ваков Скин-хедс, во белградскиот јавен превоз го зачука угледниот колумнист и публицист Теофил Панчиќ, еден од моите најартикулирани автори.

 

И што бидна? Ништо. Исказот на судот на напаѓачот на Теофил Панчиќ – ист билмез како оние билмези во спотот поддржани од ОБСЕ и МВР – е дека претходно не бил осудуван и дека бил прилично млад, некои 18 години. А Теофил на тоа одговара на следниот начин (ќе го парафразирам по сеќавање): „A, во чие име? Ма, не знаат тие во чие име, немаат тие појма, немаат тие идеја; имаат само јака и матна претстава во глава дека се припадници на некаков колективитет, во овој случај – националниот, кои од некои причини, прилично матни, ама им се чини дека пркосот е прилично генијален, феноменален, идиличен. А, од друга страна, стално му се чини некоја неправда, стално е озогласен, и стално некој него го критикува, му додева итн.; и тогаш тие, нели, фрустрирани, понижени, увредени, својата насобрана негативна енергија мора да ја исфрлат, а на кого најдобро се исфрлува таа негативна енергија(?), па на некој кој е јасно, јавно, и видливо „етикетиран“ како „труло јаболко“ кое ќе ги зарази сите останати.“

 

Мутантна Македонија каква што настанува пред нашите очи, Македонија во која хистеријата и психолошкото бунило од-ден-на-ден стануваат официјална политика, веројатно и заслужува ваков видео-приказ на „верско-националистичка фаланга“, како еден вид на хомеиниевска исламистичка милиција, благодарение на македонското неевропеизирање – видео клипот и кампањата на ОБСЕ и МВР е практична „испостава“ која влегува, ми се чини, во терминална фаза.


Ете ви, видео-клип, феноменален приказ како секое недоебано гомно си ја бара Смислата на животот.

 

А, бидејќи клинецот/клинците може да станат популарни, недај Боже масовни, но никогаш не се знае: може сега и во Qriry да ги интервјуираат, блазе им на мајка им, и на татко им!

 

Имате видео-клип сердари, каде на самиот старт може да се заокружи човештината, да се покаже ништавилото кое ќе „трансцендира“ со помош на (а сега набројувам!): тупаница, камен, шипка, пиштол, или што ќе ви се најде при рака, како би можеле инфантилно-патолошките насилници, низ поривите на мочковците во клипот, да се постави Аура на узвишена бора за нашата „Национална работа“. Која и да е таа работа.


Јурииииш, сердари, упс! – напред патриоти!


Нема никаков сомнеж дека сите хорди и фалнаги се’ само надворешен симптом и дека сами по себе не се голем проблем, ако позади нив не се крие нешто големо и многу опасно.


Секаде, имено, има неонацисти, расисти, верски фанатици, ама вакви бабароги, во нормални држави – ама веќе се повторувам, сердари – жабуркаат на маргина! 


Во Македонија, во земја која премиерот е чист Одиум за мнозинството луѓе, значи дека човекот е во средиштето на доминантниот мејнстрим, заедно со доминантните медиуми и политички партии, биле тие „леви“ или „десни“, сите овие насилства од Хорди, голобради мочковци, се’ директен производ на неговиот сималакрум и неговиот вредносен систем.


Тврд ви е Путин! – тврди ви се децата! – тврди се шипките!


Да се повторам: „нова“ Македонија се создава пред нашите очи, а овие денови, благодарение на ОБСЕ и МВР, се создаваат некакви правила на живот во неа. Во тоа правило никаде не стои дека животот нужно треба да биде интелегентен, и не’ стои дека кога нешто правиш, тоа треба да биде разбрано, што ти, по ѓаволите, правиш, и како.


Кој без отпор ги преспие овие денови и месеци – а се разбравме дека во Паланка најдобро се дреме? – никој после нема да му биде крив. 


Замислете го само креативниот потенцијал, замислете ја таа можност кога сердар Грујо ќе замине од власт, а Македонија стане Европска земја?


Полека, тврд ви стојам! Сите овие арбитрирани помочковци, скин-хедси, неонацисти, патриоти, путиновци, опскуранти и антологијски будали низ медиумите (за срамот воопшто да не говориме!), ќе исчезнат во сопствената бесмисла, вклучувајќи ги и нивните водачи присобрани од најлошите сорти на луѓе кои ете, поради некоја Сила, или инерција, ни се најдоа тука, пред носот, во денешниот македонски базар на човечноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.