ОБСЕ: Ослободете го Кежаровски

Новинарот на весникот „Нова Македонија“ е во притвор повеќе од три месеци и е обвинет за издавање на заштитен сведок преку новинарски текст објавен пред повеќе од пет години, за што му се заканува повеќегодишна затворска казна.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ во писмо до премиерот Груевски, нагласува дека е неприфатливо продолжувањето на притворот за Кежаровски за уште 30 дена.

“Затворање на новинари за нивните пишување не е прифатливо во едно демократско општество. Ова е единствениот случај во регионот на Западен Балкан, каде се држи еден новинар во затвор во очекување на судски процес. Јас сум загрижена поради неговото апсење и прекумерно долгиот притвор, и како тие негативно влијаат врз слободата на медиумите во вашата земја”, рече Мијатовиќ.

Франк Ла Ру, специјален известувач на Генералниот секретар на ООН за заштита на слободата на говор и изразување, кој неодамна беше во Македонија, исто така се заложи за Кежаровски, а Мијатовиќ потсетува не неговата изјава дека “Томислав Кежаровски треба да биде ослободен веднаш“.

– Прекумерна мерки како што е неговиот продолжен притвор служат само да ги заплашат новинарите и длабоко да ја повредат независноста на медиумите. Демократиите никогаш не може да работат правилно кога критичките гласови се замолчени, наведе Франк Ла Ру, потсетува Мијатовиќ.

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.