30.09.2010 – Обраќање на премиерот Груевски и неговото право да ги коментира судските одлуки

Деновиве, по повод масовните протести против судската одлука за прогласување на виновен на Томислав Кежаросвки, се изначитавме од СУДСКОТО СООПШТЕНИЕ дека нивните одлуки не се коментирале и дека нивните одлуки се нај исправните. Судот е доста контрадикторен и брзо ja заборавил изјавата околу неговото работење ни помалку ни повеќе ами токму од премиерот Никола Груевски и тоа на една од седниците во 2010 година.

ВИСТИНАТА секогаш е ЕДНА и СУРОВА! За таа вистина, ЕВЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА во Македонија да КОМЕНТИРА И ОМАЛОВАЖУВА СУДСКИ ОДЛУКИ!!!

Во прилог се СТЕНОГРАФСКИТЕ БЕЛЕШКИ oд Сто и дваесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 30 септември 2010 година. 

Цветанка Иванова: “…..Вчера Комисијата за лустрација донесе Одлука со која утврди дека претседателот на Уставниот суд господинот Трендафил Ивановски бил соработник на поранешните служби. Наместо целокупнио тпроцес на лустрација, како и процедурата по овој случај да се остави на надлежните институции за тоа крајно недозволиво коментар за самиот случај на лустрација дојде од највисоко ниво. Од премиерот, господинот Никола Груевски.
Искористувајки персонална лустрација на претседател на Уставен суд премиерот изврши напад на кредибилитетот на институцијата Уставен суд и на неговата работа. Дури ја доведе во прашање важноста на сите одлуки кои што до сега Уставниот суд во овој состав ги донесе. На крајот господине премиере дали ќе сносите директна одговорност за сето она што ќе биде содржина во извештајот особено во делот кој што се однесува на реформите во судството, секако работа на Уставниот суд. Секако, дали ќе сносите одговорност лична и политичка за кочење на процесот на интеграција на земјата. Ова е првото прашање……”

Никола Груевски: “Благодарам за прашањето на почитуваната пратеничка. Јас би го кажал следното. Јас како претседател на Владата на Република Македонија ги спроведувам сите одлуки на Уставниот суд онака како што ќе ги донесе и во тоа својство како премиер секогаш овозможувам максимално, нормално и регуларно работење на Уставниот суд односно овозможуваме максиманло добри услови за тој нормално да функционир аи да одлучува. Во тој контекст никој не може да најде некоја забелешка. Меѓутоа, истовремено имам право како и секој граѓанин на оваа држава да го дадам сопственото мислење за секого како и за работата и одлуките на Уставниот суд, како што секој во оваа држава има право да го каже сопственото мислење и да го коментира моето работење на пример, или работењето на претсеателот, или на пратениците, или одредени судски одлуки. Значи, секој има право да си го каже сопственото мислење. Една работа е да ги спроведуваме одлуките, друга работа е да си го кажеме сопственото мислење за тие одлуки. Тоа е пракса секаде. Нема држава каде е забрането да се искаже мислењето на некој политичар во врска со Уставниот суд. Значи, во секоја држава е дозволено секој граѓанин, политичар, или неполитичар, било што, вклучувајки и премиер да може да си го каже своето мислење за било кого, вклучувајки го и Уставниот суд. Тоа е мое уставно загарантирано право за јавно искажување на мислата и слобода на говорот и во тој контекст не можам да го разберам вашето инсистирање подолго време да не смееме да си го искажеме сопственото мислење. Друга работа би било ако ние не им ги почитуваме одлуките, не им создаваме добри услови за работа. Тоа е целосно завршена работа и никој не може да коментира.
Меѓутоа, да не смееме да си го кажеме мислењето за нивната работа или делување или било што, тоа го нема никаде. И тоа немојте да го очекувате од нас. Благодарам. …”

 

Извор 

Leave a Reply

Your email address will not be published.