Обраќање до лицето Ѓорге Иванов!

пишува Катерина Цаневска

Ова се последиците од вашиот идиотски и опасен потег за аболиција Иванов, бидејќи со претседател никогаш не сум ви се обраќала, па најмалку сега така ќе ве наречам, сега задоволен сте од „генијалната“ одлука, која, замислете, се пофаливте дека сам сте ја донеле? Па вие, ниту во WC не се осмелувате сам, без наредба и дозвола да одите…

Млади луѓе полицијата влече по улица, приведени, повреден новинар, крв на улиците, демолирани простории, сето ова е на ваш грб и ваша одговорност и совест? Колку и да ви е свиткана кичмата, барем малку да размислевте, немаше да го испровоцирате ова лудило и ќе имавте трошка грижа на вина. Но сигурна сум дека почнува чистилиштето и пишувањето нова историја, во која вие ќе бидете само една обична флека и крајно негативна личност, човек за потсмев. Народот ќе ви суди, Сигурно и вашите блиски се срамат од вас. Како „Татко“ на нацијата, ќе бидете пријавен за семејно насилство.

Вакво ли „национално помирување“ најавувате? Срамота, срамота за еден универзитетски професор.Ај не ве бива и октроиран сте за претседател, ама барем не ја плукајте универзитетската титула. Иванов, и фикусите имаат поголема самостојност!

Затоа, направете барем нешто во интерес на Македонија во последниве 7 години, дајте си ОСТАВКА!

Leave a Reply

Your email address will not be published.