Обложувалници – неколку вистински приказни

Во прилог ќе ви пренесеме пет интересни и вистинити приказни за кладењето во Велика Британија, каде што ова “хоби” има долга традиција.
1. Вербата во Луис Хамилтон
Луис Хамилтон ја освои титулата во Формула 1 во 2008 година. Но, еден негов фан во тоа бил уверен дури десет години пред тоа да се случи истото. Непознат обложувач, го забележал, тогаш, 13 годишниот Хамилтон на картинг натпреварување и веднаш препознал дека се работи иден Ф1 шампион. Отишол во обложувалница и “ставил кладба” дека до 25 годишна возраст малиот Луис ќе ја освои титулата. Во 2008 година тоа и се случи, а вербата во Хамилтон му донела 125,000 фунти на овој човек.
2. Со пола фунта станал милионер
60 годишен британец решил да оди во обложувалница и да се обложи со само пола фунта на 8 коњи на трки ширум светот. Тој ги одбрал коњите според звучноста на нивните имиња. Сите 8 коњи биле аутсајдери, па вкупниот коефициент бил 2,000,000. И чудото се случило – сите 8 коњи победиле и со тоа тој станал милионер.
3. Среќниот џокеј
Уште една приказна поврзана со трките со коњи. Англичанец се обложил со 59 фунти дека еден ист џокеј ќе победи на сите седум трки на кои ќе се трка тој ден. Тоа бил единствен таков облог, па откако џокејот победил на сите трки, обложувачот добил 500,000 фунти.
4. Враќањето на Мали
80-та минута на натпреварот од Афричкиот куп на нации, Ангола во водство против Мали со 4:0. Додека сите биле сигурни дека Ангола е победникот, еден обложувач не го мислел истото. Тој во тој момент уплатил пет фунти дека Мали нема да изгуби. За десетина минути чудото се случило – до 90-та минута Мали постигнал 2 гола за 4:2, а во продолжението уште 2, и така натпреварот завршил со неверојатни 4:4. Обложувачот добил 5.000 фунти.
5. Сонот за Чаби Алонсо
Навивач на Ливерпул во 2006 година сонувал дека шпанецот Чаби Алонсо ќе постигне гол од својата половина на теренот. Отишол во обложувалница, се договорил за коефициент од 125 и уплатил 200 фунти. Во истата сезона сонот му се остварил – “Ливерпул” играл со “Лутон” во ФА Купот, каде што Чаби Алонсо, при крајот на натпреварот, шутирал од својата половина во празниот гол на противникот и постигнал неверојатен гол за конечни 5:3. Овој гол и сон му донеле 25.000 фунти на навивачот.
Интересни приказни, но ова не значи дека веднаш треба да посетите обложувалница и да си ја пробате среќата. Размислете убаво!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.