Филм: Oblivion
Дел од масивната операција за која е тој задолжен е да ги штити и извлече ресорсите кои полека исчезнуваат по неколку декади војна, од вонземјаните кои се уште се закана за она што останало од Земјата. Неговата мисија е скоро готова и тој треба да се приклучи на останатите преживеани сместени на лунарната колонија далеку од Земјата. Но се ќе се смени откако ќе спаси непозната девојка од брод кој ќе се урни на земјата а нејзиното пристигнување ќе предизвика синџир настани кои ќе бидат причина тој да ги преиспитува сите работи за кои мислел дека се вистина.
Реалноста е разнишана од фактите за вистината поврзана со неговиот поранешен живот на Земјата.
Филмот воопшто не е она што очекувате – стандардна приказна со вонземјани и борба против нив. Сосема добра мистериозна приказна. Вреди да се погледа.
Режија: Joseph Kosinski
Главни улоги: Tom Cruise, Morgan Freeman, Olga Kurylenko
Година: 2013
Траење: 124 мин
Жанр: мистерија, трилер, научна фантастика