Објавен конкурсот за демо бендови за третиот „Т’к-Так Фест“

Конкурсот за демо бендови кои ќе настапат на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ и официјално е отворен, а согласно истиот сите оние кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата Трајко Каров која и годинава изнесува 30000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионални студиа, треба да ги достават следните податоци:

– кратка биографија за бендот

– линк од демо снимки на три песни, од кои најмалку две авторски и една кавер преработка поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.

– читко отчукан текст на македонски јазик на песните со кои се аплицира преработка.

Во согласност со програмските определби на фестивалот, Селекторот и Селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.

Конкурсот трае до 22 август 2014 година, а материјалите се испраќаат на e-mail адреса: tk_tak_fest@yahoo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.