Обичаи во светот поврзани со раѓањето на дете

Традициите кои се поврзуваат со новороденчето се различни. Некои допираат далеку во минатото, додека други потпора нашле во религијата. Еве некои од најинтересните.

Нигерија

Во Нигерија голема улога во животот на новороденото дете имаат бабите и дедовците. Кога ќе се роди дете, бабата и дедото мораат први да го избањаат.

Гватемала

Во оваа држава мајката не смее да ја напушти куќата 40 дена од раѓањето на детето, а првиот оброк кој го јаде после пораѓањето е супа. Целта е мајката да ја врати енергијата и да добие доволно хранливи состојки за да произведе квалитетно млеко. Со излегувањето од куќата мајката може да се прелади и да го ослаби својот имунолошки систем.

Споре ддревниот обичај на Маите, новороденчето околу рацете мора да носи црвен конец за да се заштити од злите духови и уроци. Се верува дека новороднечињата имаат осетливи души кои треба да се заштитат што е можно подолго.

Пакистан

Пакистанската култура бара церемонија наречена Аquiqah, која се извршува седмиот ден од раѓањето на детето. Оваа церемонија се состои од давање имиња на детето и бричење на неговата коса. Косата се става на вага и таа тежина во злато и сребро се дава на сиромашните.

Индонезија

Според древниот обичај од Бали, душата на детето е чиста. Ако детето во првите три месеци од живото со нозе ја допре земјата, може да го опседнат зли духови кои живеат длабоко под земјата. Тоа значи дека детето во тој период мора постојано да се носи во раце. 

Кога детето ќе наполне три месеци, семејството приготвува церемонија Отон. Се изведува од страна на свештеник кој го благословува детето и го претставува на светото како целосна личност.

Нов Зеланд

За Маурите бременоста е нешто посебно. Веруваат дека мајката и детето во текот на целата бременост мораат да бидат мирни и опуштени, бидејќи детето е потполно свесно за својата околина и стресот.

Без оглед во кој дел на светот се роди детето, обичаите на Маурите наложуваат постелицата да се закопа во Нов Зеланд, како симболична врска со предците.

Иран

Првите 10 дена по раѓањето на детето, мајката мора да се одмора во кревет. Целата грижа околу детето и куќата ја превзема најзината мајка. Мајката се храни со посебна храна Kachi, која се приготвува од брашно, маргарин, шеќер, шафран и други зачини.

Јужна Кореја

Мајките овде јадат супа од морски алги веднаш по породувањето, и продолжуваат да ја јадат следните три недели. Оваа супа помага да се исчисти телото после породувањето. Супата е многу хранлива и богата со витамини, па помага мајката да се опорави од породувањето и да добие квалитетно млеко.

Децата ја јадат оваа супа секоја година на својот роденден како потсетник на денот кога дошле на свет.

Бразил

Во бразилската култура желбите на бремената мајка се сфаќаат многу сериозно. Многумина сметаат дека ако на трудницата не и се исполни желбата, детето кога ќе се роди прво ќе ја посака таа храна.

Семејството изработува мали поклони кои ги даваат на оние кои ќе дојдат да го видат бебето, и на тој начин го прославуаат неговото раѓање.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.