“Обезбедување” – ставка во буџетот на општина Кавадарци.Од кого се штити општината?

Јавноста ја осуди оваа одлука на советот обвинувајќи дека се злоупотребува трошењето на општинските пари за недомаќински цели и проекти. Граѓаните се револтирани што покрај полициските службеници, сега треба да се трошат дополнителни средства од нивните џебови и за некакво си обезбедување а никој не знае што, кого и каде ќе обезбедува. Од локалните власти,граѓаните не добиваат поконкретни и поопширни одговори, да кажат јавно за што точно станува збор. Која би била целта од зголемувањето на оваа ставка за обезбедување? Зошто токму сега треба да дојде до зголемувањето на оваа ставка од буџетот? За овие прашања одговор побаравме од Сашко Петров, советник во општина Кавадарци.

Во член 2, од Законот за Внатрешни Работи пишува која е основната цел на Министерството за Внатрешни Работи. И вели, вака:

– остварување на системот на јавна и државна безбедност;
– спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија;
– заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните;
– спречување на разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост;
– спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон определени мерки за гонење на сторителите на тие дела;
– граѓански работи и
– други работи утврдени со овој и посебен закон, ш
то значи самиот закон налага МВР да се грижи за безбедноста на граѓаните, во суштина и за тоа постои самото министерство. Вие во 2013 година, од буџетот на Општина Кавадарци или ајде да бидеме попрецизни, од парите на граѓаните на град Кавадарци се издвоени за ставката (424 220 – Услуги за обезбедување на објекти) со вкупна вредност од 2.620 000 денари. Во 2014 година за истата ставка, по основ на Буџет на општината имате зголемување на износот од 4.925.000 денари. По основ на „Расходи од самофинансирачки активности“ имате 190 000 денари. По основ „Расходи од донации“ имате 120 000 денари. Вкупно за 2014 година имате 5.235.000 денари по сите основи. – ни прецизира Петров.

Петров вели дека официјални безбедносни сили во Македонија се армијата и полицијата. Според Уставот на Република Македонија, тие имаат точно определени надлежности, за што е потребно одобрение од точно определени институции на државата или личности што се наоѓаат на чело на државните институции.

– МВР има околу 12.000 униформирани припадници, во кои се вклучени и припадниците за обезбедување што носат оружје, а додека армијата располага со 8.111 активни припадници. Покрај овие две безбедносни сили во државата имаме и трета, а тоа се агенциите за приватно обезбедување. Точниот број на припадници во овие агенции тешко е да се определи. Тој податок е познат само кај Министерството за внатрешни работи, кое издава лиценца за работа на тие агенции. Според некои слободни процени, во сферата на приватното обезбедување се вработени околу 17.000 лица, или распоредени во 80 агенции за приватно обезбедување (неофицијално). Армијата и МВР имаат поголеми надлежности од Агенциите за приватно обезбедување. Но, факт е дека, лицата вработени во агенциите за приватно обезбедување имаат право да носат оружје (пиштол, револвер), а поголемите агенции за обезбедување имаат право да носат и определен број автоматско оружје познато под името оружје со долга цевка. Тие се автоматските пушки или специјални снајпери од различно потекло, како на пример: калашникови пушки, како и други полуавтоматски пушки. Или вкупно некаде околу 37 111 лица (неофицијална бројка).– вели Петров.

Според Петров станува збор за деградација на полициските службеници. Вели, зошто би се зголемувало приватното обезбедување, и која е целта за таквиот потег на власта?

– Таквиот одговор треба од нив да го побарате. Но во секој случај мислам дека не оди на добро. Ако имате 37 111 лица кои на некој начин се должни да се грижат за безбедноста на населението, земено процентуално вие на 2 000 000 жители, а се околу 1 500 000 жители на Р. Македонија (не знаеме нема направено попис на населението) бројката излегува дека едно лице е одговорно за безбедноста на 54 граѓани, а сепак имате убиства, кражби, претепани граѓани и друг вид на криминал. – заврши Петров.

Во изминатиов период граѓаните на општина Кавадарци со голема доза на сомневање и револт гледаат на нерентабилното трошење на нивните пари од општинскиот буџет. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.