Обама го потпиша законот со кој се ограничува масовното следење на телефонските разговори

Законот за слобода има за цел да ја ограничи програмата на НСА за собирање мегаподатоци од телефонските разговори (време кога е направен повикот, неговото траење, бројот кој е биран). Тоа беше една од најкритикуваните мерки од законот, познат како Патриотски акт, усвоен по нападите од 11 септември 2001 година.

 

Со 67 гласови „за“ и 32 гласови „против“ Сенатот го одобри претходно нормативниот акт, а пред еден месец тој доби зелено светло од Претставничкиот дом.

 

Со законот одговорноста за собирање податоци им се префрла на телекомуникациските компании, а до нив властите ќе имаат пристап само со судска одлука.

Текстот предвидува повторно да и биде дадено право на НСА да ги следи и прислушува т.н. „волци самотници“, односно лица, кои се осомничени дека самостојно подготвуваат напади и други активности, кои се закана за безбедноста.

 

Извор: ПлусИнфо

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.