Новогодишен концерт на студиото за модерен балет “Венус“ од Кавадарци

Во понеделник, на 23 декември, со почеток од 19.30 часот, во салата на Домот на културата “Иван Мазов Климе“ Кавадарци, својот традиционален новогодишен концерт ќе го одржи Студиото за модерен балет “Венус“ од Кавадарци, кое над 15 години успешно делува на македонската балетска сцена и е едно од најнаградуваните во Македонија на сите државни натпревари, а во последните години успешно настапува и во странство. Под водство на балетскиот педагог Билјана Грозданова Ивановска, на новогодишниот концерт на студиото ќе се претстават сите групи (по возраст), а според високата професионална работа која е карактеристика на Студиото за модерен балет “Венусс“, во понеделник се очекува балетски спектакл на сцената на кавадаречкиот Дом на култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published.