Новиот тип на птичи грип усмртил една третина од заразените
Откако новиот тип на вирус на птичји грип H7N9 се појавил во Кина и со него се заразени 130 лица од кои 37 умреле во болница. Светската здравствена организација вирусот го опишала како “еден од најсмртоносните во историјата” а во извештајот се наведува и дека вирусот се шири многу побрзо отколку што било случај со поедините типови на H5N1.
Сепак, новиот вирус не е смртоносен како H5N1 вирусот кој усмртил дури 70% од заразените, но е затоа многу посмртоносен од свинскиот грип, кој во 2009 година предизвикал глобална епидемија. Сепак, стапката на смртност од вирусот на свински грип била вкупно 1%.