Љупчо Златев од селото Глишиќ (кавадаречко) гостин во “Летечка Саботажа”

Сителовата карабина од новинар, Љупчо Златев, од селото Глишиќ, кавадаречко, го достигна својот врв во кариерата известувајќи за можеби најважната историска репортажа за Република Македонија, за Европската Унија, за целиот жив свет на планетата Земја. Тоа е легендарниот македонски настан за перење на милиони евра пари на граѓаните, акцијата “Ден на Дрвото”.

Дрвото, со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (Дали новиот министер дал дозвола за рентање на хеликоптери?) од височина ни ја долови глетката на македонските дрвореди, глетка од која кристално јасно се гледаат илјадници македонски дрва, некои млади, некои стари, кои уште непосадени зафатиле длабоки корени.

Златев, “топлиот брат” на Латас, ни долови каскадерски холивудски сцени (без влажни марамици и памперс пелени) како на вистински професионален начин се работи новинарската професија од Грујо дадена. Потребно е многу вложен труд и напор за 5 минути простор во централните вести на Сител.

Оваа репортажа на оваа кавадаречка “звезда во најава” наиде на големо внимание и заинтересираност од научниците на НАСА, кои велат дека доколку Златев даде согласност би сакале како видео порака да ја испратат во вселената со новиот спејс шатл “Кад се сељо покондури”, во случај доколку постои друга цивилизација таму горе, едноставно да не заобиколат и игнорираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.