Новинарите на МПМ “Шише” треба сами да се о(т)пуштат!

Наспроти општата загриженост, јас мислам дека ќе биде многу добро ако сите вистински и таканаречени новинари од групацијата емпием “шише” бидат отпуштени, односно ако се укине центарот на злото, сервисот на катастрофата, ајковидната структура на влекачот и на сите што тој ги претставува или сервисира!

Утрински весник, Дневник и Вест, заедно со Нова Македонија и Вечер, независно од поединечните проблесоци на автори, броеви или повремено на цели изданија, се структурирани, обмислени, дефинирани и операционализирани како оска на злото на чело со Ср Ѓон Ал Ке Рим на Алка ида м да те заебам, која му недостасуваше на Големит идиот во неговиот поход против нормалноста и против Македонија!

Жал ќе ми биде за колегите во тој прв бран, но јас ги уверувам дека тој радикален раскин е единствениот пат за нивното спасение. Ги советувам да ја искористат приликата и да не чекаат стоката да ги избрка нив туку тие да го исплукаат шупливото чудовиште со розе кравата и да го протераат од своите животи. Можеби и од весниците! Потоа, се разбира, ќе го бркаме по берберниците на Менхетн или на Нов Зеланд, да си ги земеме парите и достоинството назад!

(текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.