ФОТО: Новинарите на Сител едно велат, друго прават

Вака завршува прилогот на новинарката Бојана Димитријевска емитуван во вчерашните вести на Сител телевизија а посветен на одморите на политичарите. Во него таа не штеди пофални зборови за власта и упатува жестоки критики за опозицијата за изборот на место за годишниот одмор.

Како што вели таа, многу функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат македонскиот туризам, а опозицијата пак ќе го стимулира испразнетиот грчки буџет.

Сепак, истовремено, доколку го посетите нејзиниот Фејсбук профил ќе можете да најдете фотографија на која Димитријевска заедно со својата сестра се сонча токму на грчките плажи, или кажано со нејзин речник, го стимулира испразнетиот грчки буџет, верна на јужниот сосед.

Кликнете на фотографијата за поголеми димензии
Фотографијата е поставена на Фејсбук на 14 јуни а означена е и локацијата – Паљури – туристички центар, сместен на источната страна од Касандра – првиот крак на полуостровот Халкидики, во Грција!

За иронијата да биде поголема, слично постапуваат и функционерите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои новинарката ги пофалила во својот прилог.

Порталот Мактел објави фотографии направени ова лето на кои видни членови на ВМРО-ДПМНЕ летуваат во толку омразената Грција.


Оваа фотографија е направена во пицерија во Псакудија, во Грција, на 28 јули. На неа се гледа градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, а човекот свртен со грбот на фотографијата е министерот Никола Тодоров. Според изворот на Мактел, двајцата истакнати функционери летувале заедно со семејствата, па изворот достави и фотографија на која се гледа сопругата на Тодоров со неговите деца.

Токму овие фотографии ја разрешуваат и дилемата од прилогот на Сител кој вели дека „министерот за здравство одмарал пет дена заедно со семејството, но не ја открива дестинацијата“. Сега е јасно и зошто.

Преку линк до весникот Вест ве потсетуваме и на уште неколку примери каде функционери на ВМРО-ДПМНЕ службено водат кампања против летување во Грција, а приватно го прават токму тоа.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.