Нови технологии кои би можеле да го сменат светот

МЕСО ОД ЕПРУВЕТА

Нашиот сегашен состав за снабдување со месо е недржлив на подолг рок бидејќи се трошат големи колични од овој ресурс, се загадува околината и внатрешната озонска обвивка. Бидејќи не е реално да се очекува дека ќе живееме без месе, треба нешти да се превземе. Еден од одговорите е месото произведено во епрувета.

Како и се околу нас, месото се состои од атоми. Ако успеете на точно определен начин да ги склопите тие атоми во лабораторија, ќе добиете вештачки производ кој сеуште е месо, но кој никогаш не бил жив, па поради тоа и не бил убиен.

Ваквото производство бара помалју ресурси. Цената е сеуште превисока за масовно производство, но постепено се откриваат начини како таа да се намали. Се очекува дека големите производители ќе настојуваат да го саботираат брзиот развој на оваа технологија.

УПРАВУВАНИ ЕГЗОСКЕЛЕТИ

Ќе ги заменат инвалидските колички, штаките и другите помагала па ќе им овозможат на личностите со посебни потреби поздрав и поактивен живот.

Како и многу нови технологии, цената за производство на оваа е сеуште превисока. Но, веројатно нема да помине многу веме пред таа да се намали, а овие чудни техники (како што се ReWalk, Hybrid Assistive Limb и Tek RMD) станат поприсутни.

Можноста за користење на овие технологии ја истражува и американската војска, како би утврдила дали егзоскелетите можат да им помогнат на војниците да носат поголем товар и да пешачат што подалеку.

Друг проблем е изворот на енергија, на што работат многу истражувачи, вклучувајќи ја и НАСА. Овој проблем не е лесен за решавање затоа не се очекува технологијата да стане достапна наскоро.

КОМПЈУТЕРИ УПРАВУВАНИ СО МОЗОКОТ

Уште еден чекор поблиску до трансхуманата цивилизација. Со овие уреди на личностите кои немаат или не можат да ги користат рацете или нозете ќе им се овозможи управување со протеза, егзоскелет или друг уред, па и секојдневните активности како на пример сурфањето на интернет, играњето игри или гледањето филмови. 

Научна фантастика? Не баш. Уште во 2004 година научниците успешно ги поврзале мозоците и компјутерите за играње на едноставни игри со помош на мозокот. Развојот е во самите почетоци сеуште, но можностите се огромни.

СУПЕРБРЗ ПРЕВОЗ

Сигурно сте слупнале за Hyperloop Elon Muska – станува збор за превозен систем кој тоереткста оддалеченост од околу 500км би можел да ја помине за 35 минути, со максимална брзина од 1220 километри на час. Поврзувањето на Сан Франциско и Лос Анѓелес со ваков систем би чинело околу 7,5 милиони долари.

Но тоа не е единствениот ваков систе. Evacuated Tube Transport (ETT) на компанијата ET3 исто така користи вакумска цевка, во која би можеле да се движите со брзина од 6437 километри на час, а системот би користел помалку гориво и руги ресурси од авионскиот превоз.

МЕНУВАЊЕ НА ГЕНИТЕ

Има многу болести поврзани со генетските пореметувања. Тоа би требало да се измени со промената на гените. Станува збор за технологија која во последните години зема голем замав. Голем број биотехнолошки компании успешно собираат средства потребни за вакви истржаувања. 

Технологијата се потпира на модифицирани вируси, кои по внесувањето во организмот можат да ги заменат оштетените или дефектните гени. Друг метод вклучува поедини станици (ќелии), нивно третирање со модифициран вирус и повторно враќање во организмот.

СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА

Со оглед дека има се помалку нафта, алтернативните извори на енергија привлекуваат се поголемо внимание и инвестиции.

Соларните панели се веќе присутни, но не се особено ефикасни. Има голем простор за подобрување и затоа треба да се очекува експлозивен раст и рамноправа трка со фосилните горива.

Има повеќе технологии на ова поле. Да ги спомнеме наночестиците, прозирните соларни панели, соларните ќелии во спреј и напредните комјутери за прогноза. И ако дојде до доволен пад на цената, можно е сите да имаме соларни панели и да бидеме енергетски самостојни.

ДЕСАЛИНИЗАЦИЈА

Поради низ апричини, во светот има се помалку вода за пиење. Десалинизацијата е познат процес но не се користи затоа што е скап и недостапен. Тоа полека се менува. При десалинизацијата како нуспроизвод се добива состојка екстремно богата со сол, но и многу други метали. До сега тоа се сметаше за отпад, но сега се изнаоѓаат начини како да се извлечат тие метали за повторно користење. Ако овој процес стане економски исплатлив, цената на десалинизацијата значително ќе падне.

ВИСТИНСКИ ТРИКОРДЕР

Ако некогаш сте го гледале Звездени патеки знаете што е трикордер – медицински уред кој може да ги провери животните функции на пациентот и да дијагностиците разни болести.

Qualcomm има отворен натпревар на кој нуди десет милиони долари за развој на трикордерот. Уредот кој ќе победи мора да може да го следи крвниот притисок, заситеноста на крвта со кислород, пулсот, температурата и дишењето, како и да дијагностицира 12 различни болести.

Звучи амбициозно, но веќе голем број тимови работат на развој на ваков уред.

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ДРОНОВИ 

Кога веќе се размислува за достава на пакети или намирници, зошто дроновите да се не запослат и на земјоделските имоти? Тие се се поефтини, благодарение на падот на цените на процесорите, камерите и ГПС уредите, па дури и софтверот. 

Дроновите можат сами да се управуваат, од полетување до слетување, и темелно да ја снимаат состојбата на посевите. Инфрацрвените слики можат да откријат области погодени од болест, да укажат на проблемите со наводнувањето или се штетници.

СКЛАДИРАЊЕ ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ЕНЕРГИЈА

Не е лесно да се складира голема количина енергија. Тоа е еден од главните препреки за побрз развој на алтернативните извори на енергија.

Постојат голем број идеи како тоа да се реши. Меѓу највозбудливите се графенските суперкапацитатори, кои можат да складираат огромна количина енергија и брзо да ја пренесат. Графенот покрај тоа, е помалку штетен за околината и исто толку поефтин.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.