Нови серии кои ќе сакате да ги гледате оваа година

Battle Creek
Пред Breaking Bad, во главата на Vince Gilligan постоела една идеа за Battle Creek, криминалистичка серија за двајца цинични детективи со спротивни ставови, кои се здружуваат во мисија за решавање на злосторства во својот град Battle Creek. Gilligan таа идеа не успеал да ја протурка пред 10-тина години, но по неверојатниот успех на Breaking Bad добил одврзани раце и може да прави што сака. За водач на ова шоу е избран David Shore (House).

Backstorm

Ова не е серија која и пред и по прикажувањето може да смета на успех, но е дефинитивно една од поинтересните од оваа листа. Се темели на серија романи на шведскиот книжевник Leif G.W. Persson. Oваа серија го следи истоимениот арогантен но генијален детектив мизантроп, кој ќе направи се успешно да реше злосторство, а при тоа што повеќе да си го уништи својот живот. Со други зборови Dr. House во детективско издание.

Gotham

И додека витезот на темнината Бетмен го добива сето внимание на јавноста и гледачите, другите ликови од Gotham остануваат во сенка. Вистина, тоа е веројатно затоа што се корумпирани и неспособни, но детективот Jim Gordon сака да покаже дека во Gotham, најдепресивниот измислен град на светот, не е се баш така црно. Приказната за борбата против криминалот во времето додека Bruce Wayne уште бил дете нуди некои од добро познатите негативци како Riddler, а и добра атмосфера и сериозна приказна.

The Last Man on Earth

Eден ден се будите и сфаќате дека сите луѓе на планетата мистериозно исчезнале? Тоа во почетокот му се чини како нешто најдобро што би можело да се случи, но набрзо сфаќа дека без другите луѓе едноставно не може да живее. Тоа е концептот на новата хумористична серија во која последниот човек на планетата го глуми комичарот Will Forte, воден од режисерот Chris Miller и Phil Lordea (21 Jump Street, The Lego Movie).

Extant


Halle Berry како асторнаут кој по враќањето на Земјата сфаќа дека во свемирот ја оплодил вонземјанин, Steven Spielberg како еден од продуцентите и неповторливиот Goran Visnic, згоден маж со апетит за чоколадо … да, Extent ги има сите предиспозиции да стане SF серијал каков што сите посакуваат. Драма, хорор и закана за опстанокот на човештвото.

The Strain


За оваа серија доволно е да кажеме дека нејзиниот автор, сценарист и режисер е Guillermo del Toro, направена според истоимениот стрип на del Toro и Chuck Hogan. The Strain раскажува приказна за лекарот Ephiraim Goodweather и неговата екипа за сузбивање на болести, и нивната борба против епидемијата на вампиризам која го погодила New York и се заканува да го униште човештвото.

The Leftovers


Која Библиското возвишение во Рајот ќе однесе 2% од човештвото кои го заслужуваат тоа, остатокот од луѓето мораат да се соочат со новонастанатата ситуација, да ја преиспитаат својата вера и смислата на животот, и некако да се обидат да преживеат со сознанието дека тие не се едни од “избраните”. Настаните во оваа серија се вртат околу населението кое живее во предградието Маплет, кои изгубиле вкупно 100 од своите најмили и веќе три години се борат со последиците на тој апокалипсичен настан.

Galavant


Комичен историски мјузикл? Приказна за младиот, згоден и храбар витез Галавант и неговиот осветнички бунт против кралот Ричард, кој одамна му ја украл љубовта на неговиот живот, Мадалена. Оваа приказна има помалку од се: жестоки борби, хумористични ситуации и блесави ликови, а настаните често се пополнуваат со музика.

Better Call Saul


Сериите како што е Breaking Bad се многу ретки, па така треба да се искористат до крај кога еднаш ќе се појават. Баш според тој принцип настанала Better Call Saul, spin – off кој како центар на настаните го зема веројатно најинтересниот спореден лик на сега веќе култната серија, адвокатот Saul Goodman. Овој по малку лигав, но симпатичен опортунист има уште многу да раскаже, и иако настаните во неговата сопствена серија се пред случувањето на Breaking Bad, се очекува да се појавуваат некои добро познати ликови од оригиналот.

Hieroglyph


По Римјаните, Викинзите и средновековните бруталности, дојде ред и на древниот Египет, кој во наредните неколку години може да стане инспирација за голем број серии. Hieroglyph е една од првите и е приказна за крадецот Амбросеј (Max Brown) кој го пуштаат од затвор и му даваат задача да го најде мистериозниот запис познат како The Book of Tresholds.

Constantine


Еден од класичните стриповски антијунаци, Џон Константин е ловец на демони и заштитник на па планета од изроди кои се обидуваат да го изградат својот пат од Пеколот до Земјата, но работите се менуваат кога ќе запознае млада девојка која би можело да биде клуч за иднината на човештвото. Првата ТВ екранизација на култниот стрип Hallblazer нема премногу врска со солидниот истоимен филм од 2005 година, а велшкиот актер Matt Ryan ветува враќање на мрачниот и циничен оригинал.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.