Нови медали за каратистите на КК „Урбан Инвест“

На 06.12.2013 година во Спортската сала на Гимназијата Јосип Броз Тито во Битола во организација на Федерацијата за училишен спорт на РМ, се одржа Државно училишно карате првенство. Членовите на КК Урбан Инвест како преставници на своите училишта успејаа да се закитат со 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.

Златни медали освоија:

1. Петар Аврамов – ОУ Тошо Велков Пепето – во категорија 4-5 одделение машки.

2. Владанка Аврамова – ОУ Тошо Велков Пепето – во категорија 6-7 одделение девојчиња.

Сребрен медал освои:

1. Ивона Муфтарова – ОУ Тошо Велков Пепето – во категорија 6-7 одделение девојчиња.

Бронзен медал освои:

1. Миа Маневска – ОУ Димката Ангелов – Габерот – во категорија 6-7 одделение девојчиња.

Покрај нив учество земаа и Игор Јовков – ОУ Димката Ангелов – Габерот и Блаже Коневски и Моника Коцх ОУ Тошо Велков Пепето.

Со освоените 2 златни и 1 сребрен медал ОУ Тошо Велков Пепето се пласира на второто место во генералниот пласман од 59 основни и средни училишта од Македонија.

Извор karatekluburbaninvest.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.