Нови 1,4 милиони евра од џебот на граѓаните за Музејот на ВМРО

Едниот од тендерите е распишан за доработување на кровот и фасадата на „Македонска Филхармонија“, додека другиот за ентериерот. И двата тендера се во тек и сеуште нема одбрано фирма која ќе ги врши градежните активности.

„Поради незавршената работа на фирмата „Алпине“ која замина под стечај, распишавме нов тендер за довршување на кровот и фасадата на објектот“, изјави Канческа-Милевска.

Таа вели од двата договора со „Алпине“, завршени е околу 70 проценти од работата, и причината за распишувањето на новиот тендер е токму пресекот на досега извршеното.

Досега за овој објект се потрошени околу 7,4 милиони евра.

Воедно, за новиот тендер во вредност од 1,4 милиони евра, за Музејот на македонската борба, веќе е избрана фирмата. Активностите ќе ги извршува кој друг ако не градежната компанија „Бетон“ Скопје.

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.