Нова звезда на кавадаречкото небо

Маријана е родена во Кавадарци, и има 21 година. Во хороскоп е “Риба“. Првите симпатии кон музиката кај Маријана се појавуваат во раните детски години. На свои седум години ја снима, првата детска песничка “Те љубам тато мој“, која беше изведувана на фестивалот „Гроздоберче“. После првата песна Маријана, продолжува да се занимава со музика и полека но сигурно продолжува да ги освојува срцата на публиката. После завршувањето на основното образование Маријана се сели во градот на пастмајлијата (Штип), каде што го продолжува своето школување во приваното средно музичко училиште “Оксиа“ во Штип. Во периодот додека трае средното музичко образование Маријана, во Штип соработува со локални музички артисти, каде што и настапува и ги освојува срцата на штипската публика. По завршувањето на средното музичко училиште, Маријана се запишува на музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во моментов Маријана е посветена на снимањето на нови музички синглови. Читателите на МојотГрад ќе имат Ексклузивна можност да ги слушнат двата синглови. Едниот музички сингл е под насловот „Не можам повеќе“, каде за музиката и аранжманот е одговорен младиот талентиран кавадарчанец Дојовски Велко, а за текстот е виновна самата Маријана Пешиќ. А додека вториот музички сингал го носи насловот „Ти си во минато“, музика и аранжманот повторно се дело на Дојовски Велко , додека текстот е дело на Маријана Пешиќ.

Уживајте во прекрасните синглови на Маријана.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.