Нова жртва во Фени Индустри, работник прегазен со машина “утоварач”

Педесет и девет годишниот Драган Печевски од Росоман го загуби животот на работното место во компанијата за фероникел “Фени Индустри” од Кавадарци. Несреќата се случила синоќа околу 22:30 часот кога огромна машина „утоварач“, која била управувана од четириесет и две годишниот М.Д од Кавадарци, движејќи се наназад без да го примети го прегазила работникот кој се наоѓал од задната страна. Еден од вработените дотрчал на помош меѓутоа веќе било касно.Од здобиените повреди Драган починал на самото место.

Ова е уште една, нова жртва во кругот на “Фени Индустри”. Минатата година исто така на работното место почина работник кога беше потфатен помеѓу два валјаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.