Нова “местенка”, наместо давање под концесија, ќе се продава дискотеката “Ла Луна”?

Врз основа на член 104 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл. Гласник бр.8/05), расправајќи по барање на Митрев Дончо за отуѓување на објект поранешна дискотека Ла Луна, Комисијата за имотно правни работи, до советот на Општина Кавадарци достави Заклучок за Да се отпочне постапка за отуѓување на објект поранешна дискотека Ла Луна со дворното место.
Целата постапка ќе оди преку процес на Јавно Надавање, во согласност со законот.

 

Она што го буди граѓанскиот сомнеж е дали отпочнувањето на ваквата постапка за отуѓување на општински имот е правилно или не? Дали е направена каква и да било јавна расправа за отуѓувањето на имот кој е сопственост на сите граѓани на општина Кавадарци,  или пак некој анкетен прашалник? Дали граѓаните на општина Кавадарци го имаат потвдрено својот став дека продавањето на дел од градскиот парк е во ред?

 
Зошто реконструкцијата и ставањето во функција на овој објект, не се направи со пари од самите граѓани, кои влегуваат преку даноци и разни други јавни давачки во буџетот на општината? И така реконструиран и повторно ставен во функција овој објект, повторно не остане во сопственост на Општина Кавадарци.

Зошто општината има потреба од продавање на оваа локација, наместо нејзино изнајмување? Зошто не даде на концесионер и повторно да е во сопственост на општината? Што ако овој имот во сопственост на сите граѓани се продаде за “багатела” цена и на нејзино место, сред градскиoт парк “изникнат” блокови згради? 

Граѓаните на општина Кавадарци очекуваат жестока дебата по оваа точка во советот, буквално од сите советници,  посебно од оние од опозицијта, за да се спречи овој обид за продажба на општински т.е граѓански имот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.