Нова крводарителска акција на навивачката група “Лозари”

По повод четвртиот роденден на навивачката подгрупа „Ultra Crew“, во среда, 19ти февруари 2014 година, во Големата сала при општина Кавадарци ќе се оддржи традиционална крводарителска акција, со која кавадаречките навивачи уште еднаш ќе го покажат својот хуман дух.

Како и претходните, така и оваа крводарителска акција ќе биде во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци, а очекувањата се надминување на минатогодишниот рекорд на собрани 45 единици крв. Покрај стандардните пакети кои што следуваат при секоја крводарителска активност, членовите на групата „Ultra Crew“ и овој пат на секој крводарител во знак на благодарност ќе му додели посебно признание.

Крводарителската акција ќе започне во 10 часот, а ќе трае се до 16 часот.

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.