Нова генерација телефони со флексибилен OLED екран

Уште на почетокот на деведесетите години на минатиот век, преносливите компјутери и мобилните телефони беа еден вид на егзотика која почесто се сретнувала во холивудските филмови отколку на улица. Тоа беше ера на пуштање во употреба на говорниците и познатото шушкање на 56K модемите, како и пејџерите кои претставуваа статусен симбол за оние (не)среќници кои го имаа. Децата и понатаму мајките ги повикуваа преку прозорец за да си дојдат за вечера, а писмата сè уште се пишуваа рачно.

Може да се каже дека времето пред електронската револуција било поинакво – носталгичарите би рекле безгрижно, но и никакво поврзување. Иако сите уреди на прв поглед изгледаа како научна фантастика, технологијата продолжи да напредува со геометриска прогресија. Во меѓувреме дојде и до „dot-com“ бум, како и до забрзано ширење на интернет мрежата која од година во година зафаќаше сè повеќе домаќинства ширум светот. Како глобалната мрежа сè повеќе се ширеше, така и производителите на електронска и мобилна опрема во чекор го пратеа трендот на глобализацијата.

Колкав пат е изоден, особено кога се во прашање мобилните телефони ни говорат и последните податоци со кои се среќаваме секојдневно. Истражувачкиот центар Gartner неодамна објави дека продажбата на паметни телефони продолжува со растот и во вториот квартал на 2013-та година, па по прв пат во историјата на овие уреди, тие чинат половина од вкупниот број на продадени мобилни телефони. Други истражувања укажуваат на тоа дека денес во светот една од седум личности поседува паметен телефон. Исто така се проценува дека глобалниот пазар на паметни телефони двојно ќе се зголеми во текот на 2015-та година.

Како една од водечките компании во областа на потрошувачката електроника, LG Electronics се одлучи да направи уште еден чекор понатаму, кога е во прашање универзумот на паметни телефони.

LG најави дека до крајот на 2013-та година ќе го претстави првиот мобилен уред со OLED екран што се витка. Благодарение на иновативниот тим на стручни лица и инженери LG активно работи на изработка и усовршување на површини кои се виткаат кои всушност засекогаш ќе го променат начинот на кој ги користиме мобилните телефони.

Благодарение на OLED екранот кој се витка, корисниците нема повеќе да се плашат при пад на телефонот на тврда подлога, додека носењето на уредот во џеб ќе биде скоро неприметно во блиска иднина.

На тој начин, нешто што пред сè пред повеќе децении изгледаше како нешто што ќе биде достапно дури во далечната иднина, денес благодарение на напредните технологии станува реалност и дел од секојдневието.

Од првите преносливи електронски уреди па сè до паметните телефони и мобилниот интернет, креиран е нов простор кој благодарение на напредните уреди и новите технологии нуди нови можности за интеракција и делење на најнови информации и инспирација за креирање на нешто сосема ново, возбудливо и корисно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.