Нов тренд во пластичната хирургија

Девојката на сликата е првиот пример за новата пракса во пластичната хирургија со која се закривуваат аглите од устата за да се добие “вечна” насмевка.

Клиниката AONE во Јужна Кореја е виновна за оваа процедура, која на пациентите им дала изглед со постојана насмевка. Др. Квон Таек Кеун, основачот на клиниката, зборува за “лифтингот на аглите од устата” и еве како тој ги опишува резултатите од оваа процедура “Лифтингот на аглите од устата даваат многу природна насмевка по операцијата, и иако аглите од устата остануваат подигнати во секој израз на вашето лице, тие се издигнуваат уште повеќе кога се смеете.”

На видеото објавено од клиниката ги нагласуваат бенефитите од оваа операција. На него ќе видете исто така и застрашувачки “пред и потоа” фотографии.

 

Јужна Кореја е лидер по бројот на пластични операции per capita според податоците од Интернационалната организација на пластични хирурзи. Според нивните податоци 20% од жените во Јужна Кореја имаат направено барем една пластична операција. 

Додека затегнувањето на борите и корекцијата на носот се веќе вообичаени, се понеобични и опасни зафати земаат поголема популарност. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.