Нов финансиски скандал од ЛС Кавадарци, овојпат повод Новогодишната прослава

Кавадаречкиот доајен на народната музика, Блаже Богев, ќе добие хонорар од 300 евра во денарска противредност за неговиот настап за новогодишната прослава на градскиот плоштад во Кавадарци, додека пак неговите помалку познати колеги Дани Димитриова и Влатко Лозаноски ќе “нацрпат” фантастични 2500 односно 3000 евра пари директно од буџетот на општина Кавадарци.

Овие информации на јавноста преку својот фејсбук профил ги сподели советникот од редовите на опозицијата во кавадаречкиот совет, Горан Белевски.

skandal-novagodina

Огромната разлика во хонорарите во никој случај не ја прикажува разликата во пеачките способности, ами напротив, станува збор за деградација на кавадаречите фолклорни грла а се исплаќаат високи хонорари на гости од страна кои воопшто не ги заслужуваат високите хонорари.

Многумина од граѓаните од општина Кавадарци едвај и слушнале која е Дани или пак Влатко, и го осудуваат ваквиот однос на локалната самоуправа кон локалните музички работници, покажуваат прст кон градоначалникот Александар Панов и кон советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, бараат одговори и одговорност за ваквиот скандал.

Кавадарци отсекогаш бил богат со музички работници кои придонесуваат за развој на локалната култура. Граѓаните сметаат дека за Новогодишната програма треба да настапуваат музичари и музички групи исклучиво од тиквешијата, да се стимулираат и субвенционираат овдешните докажани и оние кои допрва доаѓаат музички таленти.

Од документот кој го објавил советникот Белевски, јасно се гледа дека потписот и печатот се ставени на датум кој допрва доаѓа, што значи дека некои лица во општинската зграда си земале за право да работат едноставно што сакаат, не почитувајќи законски нормативи и процедури.

Јавноста осудува дека станува збор за класична злоупотреба на општинската каса, и дека порано или подоцна секој кој допринел за нејзиното недомаќинско празнење преку кревање рака треба да си сноси своја одговорност без разлика дали станува збор за градоначалник, советник…

Белевски ги повика граѓаните од општина Кавадарци да присуствуваат на наредната седница на совет на општина која ќе се оддржи наредниот вторник со почеток од 12:00 часот да го изразат својот револт кога воедно и ќе се носи и одлука за буџетот на општина Кавадарци за 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.