Никогаш не вели засекогаш

Се случува понекогаш некој историски факт добро да го запомниш не толку поради важноста, колку поради начинот на кој си го научил. Тоа дека Англија и Шкотска се обединиле во 1707 година не го научив ниту од учебник по историја во основно училиште или гимназија ниту од било која друга книга, го научив тоа од – стрип. Кон крајот на осумдесетите години на минатиот век, по повод јубилејот од шест децении на печатење, “Политички забавник” на своите читатели почна да му подарува репринтови на изданијата од триесетите. Во ноември 1988 година објавен е репринт на стрипот “Бестрашниот капетан Грин”. Станува збор за стрип на Кларенс Греј, а капетанот Грин е всушност другото име на неговиот познат јунак Брик Брафорд. Со помош на временска машина, главниот лик патува во минатото, помеѓу останатото на почетокот на осумнаесетиот век. Поради низа перипетии, тој на англиската кралица Ана во 1706 година мора да и каже дека навистина доаѓа од иднината така што ќе и покаже дека знае она што инаку не би можел да го знае. Кралицата го прашува: “Кажете ми дали ќе има битни случувања за време од една година?” Капетан грин подговара: “За една година, значи во мај 1707 годинам ќе се оствари обединувањето на Вашето кралство со Шкотска засекогаш!” Кралицата возбудено вели: “Неверојатно! На тоа работам во тајност и само моите најсигурни министри знаат за тоа!”
Во времето кога се родил стрипот Англија и Шкотска биле обединети веќе повеќе од двеста години, па авторот на стрипот на својот јунак со мирна душа во уста можел да му го стави зборот ‘засекогаш’. Меѓутоа денес, тоа “засекогаш” звучи малку поинаку. Во 1707 година за обединувањето одлучиле неколку стотина членови на парламентот. За раскинување или опстанок на унијата со Англија сега на референдум одлучуваат повеќе од четири милиони граѓани на Шкотска.

Сите ние кои пред помалку од четвртина век гледавме како на референдумите се распаѓа Југославија, денес имаме некое “веќе видено” чувство. Кога 1300 шкотски уметници ќе потпишат апел со кој се повикуват граѓаните да гласаат за независност, циниците тоа мора малку да ги потсети на Хрватскиот бенд Аид и песната “Моја татковина”. За волја на вистината, помалку стегнатиот и сосема реалистичен тон на ова писмо значајно се разликува од патетиката содржана во стихот “Илјада генерации вечерва не спијат”, но тежиштето кон “лепој својој” одвоена од (потенцијално хегемонистичкиот) “голем брат” е скоро идентична.
Многу е пишувано за глобалните последици од евентуалното осамостојување на Шкотска. Последици ќе има и ако унијата опстане, иако тогап тие главно ќе се ограничат на Велика Британија и нејзиното внатрепно уредување. Колку и да краткорочно оваа одлука се однесува исклучиво на граѓанит на Англија (Велс и Северна Ирска) и Шкоска, таа со големо нетрпение се очекува и во некои други покраини и области кои се стремат кон независност, особено Каталонија. За нив шкотскиот референдум е патоказ за иднината. Меѓутоа, нас тука, целата приказна не враќа во минатото.

Кога по распадот на Берлинскиот зид се соедини Германија, кога се појави перспективата за брзо ширење на Европската Унија на скоро цел Стар континент, на Запад се роди мантра за “среќните деведесети”. Во таа насока тукашните кабловски оператори баш овие денови бомбастично ја рекламираат шестчасовната мини – серија “Деведесети: деценија која не поврзуваше”. Од џамбо плакатите не гледаат Садам Хусеин, принцезата Дајана, Курт Кобејн и Бил Клинтон со саксофон. Во контекст на светската економска криза, глобалниот проблем на невработеност на младите, тубуленциите ширум Северна Африка и Блискиот исотк па војната во Украина, од перспектива на Западот деведесетите денес делуваат утопијски. Американскиот поет последната деценија од дваесетиот век, со само малку иронија, ја опишал како “време кога му беше добро на сите, дури и на мравките”. Од наша перпсектива, сепак, поблиску до вистината бил Ѓорѓе Балашевиќ пеејќи: “Је…. се деведесете”.

Имаше некој покровителски цинизам во начинот на кој големите запани сили го протежирале распадот на Југославија. Додека цела Европа тежнее кон интеграција, југословенскиот сепаратизми и национализми помалку расистички се толкувани како повторни испади на демек “вековната омраза” и доказ на заостанатост која мачно е криена со децении. Ако се разделите, макар и крваво, имаше помалку или повеќе премолчена порака, нема врска, некогаш пак ќе бидете заедно, под (симболичка) капа на Брисел, во шенген рајот на Европската Унија.

Меѓутоа за Англија, одеднаш ништо не значи можноста да со Шкотска биде заедно во Европската унија. Бидејќи Шкотска веќе има своја фудбалска репрезентација и е членка на Фифа и Уефа, во таа смисла нема да има никакви промени. Зошто тогаш официјален Лондон толку се нервира? Знаеја со надмоќна иронија да ја исмеваат фразата дека “Србија никогаш нема да го признае Косово” бидејќи “никогаш”, ете, не спаѓа во доменот на политиката, туку метафизиката. Се испостави сега дека и она “засекогаш” кое требало да го одреди рокот на траење на унијата меѓу Англија и Шкотска исто така не спаѓа во политиката, туку во метафизиката, само што за тоа им е тешко да зборуваат со надмоќна иронија.

Имаше мудри луѓе кои кон крајот на осумдесетите зборуваа дека со распадот на Југославија се отвора Пандорината кутија. Кон крајот на деведесетите тоа можеше да изгледа како погрешна прогноза, особено за оние кои не се свесни дека времето внатре во историјата на светот се мери според други аршини отколку времето времето во поединечните човекови животи. Оние предупредувања од пред четвртина век одеднаш не изгледаат толку претерани. Порано или подоцна, ѓаволот доаѓа по своето.

 

 

 

Извор: politika.rs

Превод: Попова 

Leave a Reply

Your email address will not be published.