Ние сме Титови – Тито е наш

Најголемата опозициона политичка партија е на пат да ја изгуби подршката од јавноста и таа што ја има, доколку остане на нејзината “активност” таква како што ја гледаме за последниот “случај Тито”.
Што можат да извлечат граѓаните (дури и тоа не мозхат) од нивната реакција за изречената пресуда по тужбата за клевета поднесена од претседателот на владата Груевски кон пратеникот и лидер на НСДП Тито Петковски?
СДСМ во отсуство на “здрав став” се обидуваат на граѓаните да им објаснат прво, дека опозициски функционер кога би бил власт,а тоа вклучува и извршување на јавна функција претседател на влада (го гледаат во Заев) нема да посегне да тужи за клевета било кој јавен актер (новинар,уредник,експерт,пратеник,лидер на политичка партија) и второ, дека ќе се погрижат (најверојатно преку нов избор) судиите да не пресудуваат по такви тужби и да користат судски практики за такви случаи.За граѓаните тоа е сепак само уште едно ветување.
СДСМ треба да бидат свесни дека со нивната “анализа” за демократскиот капацитет на оној кој посегнал по тужба за клевета, во случајот премиерот Груевски а кој самиот, а потоа и судот нашол “лично” во клеветата и навредата упатена од Петковски, сеат дополнителен страв и дека граѓаните дефинитивно осознале дека немаат шанса со вакво судство, штом судот пресудил против Тито.
Граѓаните сакаат опозиција која храбри, а не која плаши.Тоа не можат да го препознаат или е незадоволително.Јавноста не може да ја препознае заштитата која ја нуди СДСМ.
Клучното прашање не е “вештачењето” на кое се инсистира, туку како да се заштити некој по донесена правосилна пресуда која станува извршна, а која може да се претпостави дека може да дојде од “ваков премиер и вакво судство” како што вели опозицијата.
За тоа СДСМ молчи, не се изјаснува, а од тужениот (Петковски) не можеме да забелжиме друго освен дека борбата за вистината ќе ја продолжи (ќе ја обжали пресудата што е нормално), но и дека целата работа вклучувајќи го и исходот од пресудата и плаќањето на евентуалната висока парична казна ќе ја поднесе сам (што не е нормално).
Тито Петковски не е вчерашен политичар за да не знае дека во својство на тужено лице (носител на јавна функција, пратеник) е тужен за клевета за нешто што го интересирало не само него, туку и јавноста.Тој е пратеник и лидер на политичка партија со постојан мандат во Собранието на РМ.
Да се надеваме дека овој случај ќе заврши со “поднослив” исход.Ако остане првичната пресуда, Тито ќе се најде во една деликатна ситуација пред јавноста да објасни зошто сака сам да ја плаќа казната.Нели, во неговата констатација за која докажува дека ја изрекол премиерот и за која е тужен “ги брани граѓаните?”
Ако се одлучил тоа да го поднесе сам, тогаш тоа покажува дека Тито Петковски функцијата ја сфатил за лична и партиска промоција, дека јавната функција ја претворил во приватна и дека тој мандатот го “врзал” само за себе, а не за избирачите.
Ако е така, тогаш опозицијата мора да изгради “став”.Досегашниот “ние сме Титови-Тито е наш” нема да биде во нејзина полза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.