Ние граѓаните сме луди, тотално луди, плаќаме сметки, казни…

Ова со амнестијата на Љубчо ми е тотално лудило и повик на башибозук. Да простиш некому 2 милијарди евра (10 години по 10-15% од буџетот е 2 милијарди) треба или да си луд или да сакаш да го напраиш истото уште еднаш и пак да ти простат.

Мислам дека ние граѓаните сме луди, тотално луди, плаќаме сметки, казни, не убиваме по улици а ете и за тоа се амнестира. Ги амнестираа хашките случаи на УЧК, ги амнестираа долговите за ЕВН парно кредити, потајно ги амнестираа и криминалите на бучко, т-мобиле, ск 14-та…Треба ли како граѓани ретроактивно да побараме да ни се вратат сите пари за сметки и казни ако има амнестија? Треба ли да престанеме да плаќаме било што и да праиме што сакаме зошто утре ќе има амнестија? Ако е така што ќе ни е држава ај да си живееме во анархија, таа (анархијата) ќе воспостави свои правила и гарант ќе бидат по фер од овие на МВРО-то.
Јас знам дека сме луда параспурник држава ама до волку ли бе? Кај бе баш од 7 милијарди луѓе на планетава мене ми се погоди да живеам у Македонијава. ПУ ти ибам среќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.