Ни треба граѓанско, а не сељачко општество

На власта и смета отпорот на незадоволните.Не сака одважни луѓе,не сака луѓе со воља за промени на подобро.Таа сака единствени граѓани.Единствени во молк.Опозицијата ја дефинира за одвишна во општеството,а критичната мисла ја смета за предавство на ,националните и државните, интереси.Таа и избира и врши неизбор.

Што нуди власта ?

Таа покажува ,,грижа,, за сите.Грижлива и централизирана,таа мисли за сите.Кога место својот граѓанин ја презела целокупната грижа за се(и каде треба и каде не треба),таа не само што и наштетила на државата како модерна творба која им треба само таква и никаква поинаку, туку таа му штети и на својот граѓанин и го прави ,сељак,.Не,не станува воопшто збор за оние кои денес се обидуваат да организираат земјоделско производство живеејќи во напуштените села.

Станува збор за оние кои се согласуваат таквата ,,грижа,, да продолжи без да се одважат со барања за поредок кој би траел долго,(а не привремено со т.н преродби од каде тешко би можело да се очекува дека нешто би се ,преродило) и поредок кој би стоел на столбовите на слободата и демократијата.Кога би се молчело (од некои) и така и така,можеби и ќе се најде разбирање дека стравот ги победил,но тогаш за тогаш само пред и заради ,,шефовите,,но кога упорно се брани ,,грижата,, таква како што ја гледаме, тогаш станува јасно дека тие ја посакуваат таквата грижа.

Тоа носи до епилог ,наречен поделба.Кој дел е поголем,а кој помал може да се провери и покаже точен.Да,само во демократско општество каде медиумите имаат слобода.Кој ли ја посакува ? Оној кој сака граѓанско или оној кој сака сељачко општество.Во прашање не се само приоритетите кои се важни за државата(ваква коцка-таква коцка??!!),станува збор за нужност и нејзин опстанок.

Може ли вака понатаму?

Во 21 век,тоа нам ни се соопштува преку т.н овластен,избран,назначен и како ли не само може да се каже директориум кој е во постојана врска со јавноста.Еве сакаат да ја преземат и грижата на опозицијата.Таа не била добра за граѓаните.Со други ,можеби и ќе се офајделе граѓаните. .Аман бе,да не сакате да си одите !!.Таква грижа на власт за опозиција не верувам дека е забележана некаде.Ми заличува мене поодамна на операција ,, разретчување,, на редовите.Таквото лачење изгледа тешко им успева.Луѓе ,оваа држава има и личности.Државен и кој знае чиј леб јадете,туѓо гајле берите !

Да не ме фатите за збор почитувани од ДИРЕКТОРИУМОТ ,ама ми се чини како говедата сакате повеќе да ги стимулирате од луѓето.Мислев на субвенциите де ! Она, одлив на мозоци од државата почна да ми доаѓа и како фалба за државата,поточно образованието.Не би рекол дека ни цути тоа.Гледам како да ни завршува ,,се живо и диво,, во државава.Се стегнале за на факултет ?!Авторитети од образованието ми кажуваат дека немало и повторувачи.Не ни можело да има и со не знам колку неоправдани.Ако е така ,бога ми … Заклучувам како да е започнато кај нас и одливот за мозоци.Се лутела или не образовната фела ,ама така му доаѓа .Професорите си молчат,со ретки исклучоци како и секаде.

Не сум сигурен за некои проекти(да не речам бројни) дека го консултирале граѓанинот,гласачот,избирачот.Не би рекол дека се толку кредибилитетни.
Нужност на нашето општество е граѓанинот.Оној кој можеби ќе живее утре и во селска средина,неоправдано лишена од потреби кои ги нуди градот ,но нема да биде, сељак, како некои во градот кои своето граѓанство го замениле со подаништво и слепа послушност кон господарот кој се ,,грижи,, 

Leave a Reply

Your email address will not be published.