Невладиниот сектор од Кавадарци активен во хуманитарните акции

Здружението на граѓани “Проект-ЕУ” од Кавадарци учествуваше во хуманитарната акција за помош на засегнатите делови од поплавите кај нашите северни соседи – Србија и БиХ. На хуманитарниот пункт кој се наоѓа на градскиот плоштад во Кавадарци а е во организација на навивачката група на “Лозари”, членовите од “Проект-Еу” донираа конзервирана храна, облека, средства за лична хигиена како и храна за домашни миленици.

На пунктот имаше голема раздвиженост каде голем број на поединци и компании од кавадаречко ја демонстрираа својата безрезервна солидарност.

Останатите граѓани, организации, компании кои се’ уште не’ помогнале, ги замолуваме да го направат тоа во деновите кои доаѓаат. Помош и сoлидарност се главните алатки кои можат да помогнат како би се ублажила болката и штетата која ги зафати нашите соседи. Да бидеме солидарни, да помогнеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.