Невидена реплика на советник во кавадаречкиот совет

Имено, советникот Горан Белевски од редовите на СДСМ обвини дека независниот кандидат Ристо Сакалиев редовно одел на “пеглање” кај градоначалникот Александар Панов и тоа пред секоја седница. И од тие причини тој немал легитимитет да се декларира како независен, туку напротив дека работел во интерес на ДПМНЕ.
На ова обвинување, Сакалиев побара реплика за да ги демантира ваквите обвинувања. Но на говорницата неговиот говор беше сосема збунувачки за останатите советници. Имено г-нот Сакалиев само ја потврди изјавата на Белевски дека точно е тоа дека редовно одел кај градоначалникот на консултации. На оваа негова изјава останатите советници не можеа за ги воздржат своите чувства и гласно се изнасмеаја. 


Зачудена беше и претседателката на советот од редовите на ДПМНЕ, Горица Пеливанова, која мораше да му се уфрли во говорот и да го запраша советникот Сакалиев зошто бара реплика за да потврди нешто веќе претходно кажано.
Сакалиев целиот збунет одговори дека факт е дека одел кај градоначалникот и реплицирал за да го потврди она што Белевски претходно го изјави.
Пеливанова му сугерира дека немало потреба од реплика за да се потврди нешто претходно споменато.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.