Невиден срам, кавадаречките власти го изоставија 11 октомври

Резили и невидени срамови, кои секојдневно се таложат.11 октомври како државен празник се празнува низ целата територија на Република Македонија.За жал, немаше некое позначајно обележување во ниту една општина. И Кавадарци како локална самоуправа лесно се “прилепи” на тој срам.Ниту градоначалникот Панов, ниту советниците, ниту пак политичките партии не се осмелија макар да положат и свежо цвеќе.

Македонското востание беше против фашизмот и со тоа започна борбата за ослободување на македонскиот народ. 11 октомври е важен празник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија пружила силен отпор на окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

А, Кавадарци како општина по кој знае кој пат падна на еден испит од ваков ранг. Наместо да ги празнуваме државните празници кои симболизираат значајни настани од македонската историја, ние денеска во прв план празнувавме прв ден кавадаречки панаѓур, куп ѓубришта на сите страни, лесковачка скара и незаменливиот турбо фолк.

Сепак, промената на имињата на неколкуте улици во општина Кавадарци кои симболизираа едно време на бившата југословенска заедница, не е случајно.Впрочем, случајности и не постојат.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.