Неверојатно работи кои вашето тело ги прави во текот на бременоста

Волументот на крв во вашето тело се дуплира

Во текот на бременоста, волуменот на крвта во женското тело се зголемува за неверојатно 50% со цел да и помогне на матката во одржувањето на плодот. Соодветно, количината на крв која се испумпува од срцето се зголемува исто така. 

Вие навистина сјаите

Ако приметите дека сјаите и изгледате неверојатно во текот на бременоста, не е само поради тоа што се радувате дека наскоро ќе добиете бебе; исто така постои и психолошко објаснување за оваа состојба. Погоре споменатата зголемена циркулација на крв во текот на бременоста предизвикува голем дел од мајките да имаат посветол тен, па дури и да имаат здрави зацрвените образи. И бидејќи женското тело произведува пвоеќе хормони, нема веќе светкави лица поради измастеност на кожата туку истото добива сјај кој прави да изгледате весело, задоволно и исполнето.

Ви израснува целосно нов орган

Во текот на бременоста, женското тело израснува комплетно нов орган – плацента, структура која се развива во матката и обезбедува кислород и хранливи материи за плодот. Овој орган обично расте на горниот дел од матката и е поврзан со вашето бебе. Откако бебето ќе се роди и работата на плацентата е завршена, едноставно се исфрла од вашето тело (некои жени вклучувајќи голем дел од познатите звезди ја јадат оваа плацента поради огромните здравствени придобивки кои ги има – оваа пракса уште е позната како плацентофагија).

Косата расти многу побрзо 

Во текот на бременоста нема да забележите ниту едно бело влакно. Најголем дел од време помеѓу 85-90% од косата расти, додека остатоткот е во пасивна состојба пред да опадне. Но во текот на бременоста, повисокото ниво на естроген ја продолжува фазата на раст, што значи дека губите помалку коса. (но “екстра” добиената коса ќе падне веднаш по породувањето).

Поопуштени сте

Во текот на бременоста, хормоните (посебно оној познат како релаксин) помага да се олабават лигаментите за да се адаптира вашето тело за породување на вашето бебе. Понекогаш, ова може да предизвика и мала болка и непријатност, но веднаш по породувањето целиот сврзувачки систем се враќа во нормалната состојба.

Станувате неверојатно оргазмични

Зголемениот крвен проток во гениталиите на жената – плус зголеменото ниво на сите хормони поврзани со желбата за секс – може да ги направат најголем дел од жените да чувствуваат желба за секс дури и во ситуации во кои мислеле дека нема никогаш да им паднат на памет. И овие промени исто така може да ја зголемат чувствителноста, со што повеќето жени доживуваат оргазам почесто. 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.