Неуспех при стартот на електронските здравствени картички

 Електронскиот велат, не функционира. Така им кажале од аптеките, во чија електронската евиденција ги немало и не им го издале лекот.

Дел од аптеките признаваат дека системот потфрлил, и дека пацинетите без печатен рецепт не можеле да дојдат до неопходниот лек. Принудени биле да ги враќаат назад кај матичните лекари. Ги советуваат пацинетите да доаѓаат со печатен рецепт, бидејќи како што велат, на системот ќе му треба време да почне да функционира без проблеми.

Хаосот со рецептите ги заобиколи само пацинетите кои приватно ги купуваа лековите, но и оние кои поучени од искуството во македонското здравство, превентивно инсиститале рецепт да го добијат и во печатена форма.

Наспроти реакциите на пациентите кои денеска останаа без своите лекови или едвај усепаја да дојдат до нив, Министертвото за здравство се пофали со успешен старт на системот. Преку соопштение информираше дека забележале само неколку маргинални проблеми кои настанале заради неусогласеноста на програмските пакети на лекарите со софтверот на Министертвото. Им се извинија на пацинетите и потенцираа дека свикале истен состанок со програмерските куќи за надминување на проблемот.

„Денешниот ден ќе го сметаме како пилот фаза од која ќе се исцрпат сите проблеми коишто треба да ги решиме. Од утре работата ќе продолжи на тест основа, а на 1. август во целост ќе профукционира“, велат од Министетвото.

До тогаш печатените рецепти остануваат во функција паралелно со електронското препишување. 

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.