Нетанјаху победи на изборите во Израел

Херцог истакна дека неговата лево-центристичка партија ќе продолжи да биде алтернатива на конзервативната „Ликуд“ на Нетанјаху.
Јицак Херцог и Ципи Ливни, кои заедно ја предводат оваа коалициска партија, денеска изјавија дека ќе продолжат да се борат за Израел, наспроти поразот на изборите.
Синоќешните првични податоци покажаа еднаков број гласови за „Ликуд“ и „Ционистичка Унија“, но по пребројување на речиси сите гласови на предвремените избори се покажа партијата на Нетанјаху како победник.
Со преброени 99 проценти од гласовите „Ликуд“ има 30 пратенички места, додека „Ционистичка унија“ 24 од вкупно 120 места во Кнесетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.