Најмалку 28 повредени во железничка несреќа во Тајланд

Во возот, кој патувал на линијата Бангкок-Чиангмај, имало околу 300 патници. Инцидентот се случи во провинцијата Фре, кога седум од вагоните излетале од шините и се превртеле, при што полесно се повредени 28 туристи од Франција, Австралија, Шпанија, Кина, Јапонија и САД.

– Случаите на излетување на воз од шините се многу чести, изјави директорот на желзничката компанија Прапат Чонгсангуан, нагласувајќи дека шините се во процес на обновување.

Тој истакна дека според првичните сознанија, инцидентот се случил поради старите шини.

Тајландската Влада во март му даде зелено светло на планот за развој на транспортот, вреден 52 милијарди евра.

Седумгодишната програма, која треба да биде одобрена од Парламентот, предвидува вкупно 200 супербрзи возови да се движат по четири линии, кои ќе го поврзат главниот град со северниот, североисточниот, јужниот и источниот дел на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.