Несовесно трошење на водата за пиење во Кавадарци, луксуз или ужас?
И уште попривлечна затоа што токму оваа од фотографијата се наоѓа во близина на основното училиште Тошо Велков-Пепето во Кавадарци.А во училиштата нели, учат деца. Не многу, но сепак учат.
Но прашањето е : Дали граѓаните на општина Кавадарци чувствуваат храброст да го направат следниот чекор: Да ја препливаат „барата со изворска вода“, за да си ги задоволат своите нормални и секојдневни човечки потреби? Која е функционалноста на фонтаната ако немате соодветен пристап до неа? Чуму таа постои?
Човек да се подзамисли дали и да се обиде да пристапи до неа . И кога би пристапил , во овој случај залудно би се трудел, бидејќи загарантирано оди кон својот НЕУСПЕХ.
Кога истата оваа ФОНТАНА би ја погледнале во летниот период на температури и над 40 степени целзиусови … звучи примамливо …
И во двете ситуации неуспехот е неизбежен. Но, во втората можеме да бидеме задоволни со тоа што барем ќе се разлади човек во жешките денови.
Веруваме дека се одлучивте за третата опција . А таа е, полека но сигурно ја одминувате оваа глетка , и продолжувате кон патот до успехот , заедно со својата жед.
Сепак постои и позитивна страна во цела оваа „убавина“ . Додека светот е жеден , ние сме гладни.Сепак на некој начин сме чекор напред .
Ех, оваа наша чудесна земја!!!