Несоработката како стратегија за социјални промени

Кога хрватскиот град Вуковар бил завземен од Српската армија во 1991 година по 90 дена бомбардирање, Александар Јевтиќ, србин на кој овој град му бил дом, се нашол во непријатна ситуација. По навлегувањето во градот, српските сили ги заробиле сите мажи на возраст од 16 години и постари, и ги транспортирале во затвори, каде поголем дел биле измачувани и убиени. Јевтиќ бил меѓу нив.

Како и да е, чувар го препознал и му наредил да побара други Срби кои можеби се нашле меѓу заробените како би ги спасил од егзекуција. “Избирај разумно” му рекол.

Јевтиќ знаел дека превзема фатален ризик, но сепак почнал да повикува хрвати со измислени српски имиња, потчукнувајќи ги по нозете така што тие би сфатиле дека им се обраќа нив, и што всушност прави. Завршил тогаш кога немало повеќе место во просторијата наменета ‘за Срби’.

Иако Јевтиќ не се покорил на наредбите, тој бил верен на нешто што било втемелено длабоко во него, кое било резервоар на морална храброст која ја покажал низ делата на солидарност со другите.

Неговата постапка е инспиративен пример на човековата способност за ненасилен отпор, сила која многумина не ја разбираат но на која можат да и се припишат многукратни кризи кои се надвиснати на светот денес. Што може да се научи од случаи како овој?

Примената на основната човекова тврдоглавост – способноста да се одбие или воздржи од послушност кога сме соочени со притисоци кои се косат со нашите морални изобри – е најистражуваната појава на полето на ненасилството, преку истражување на докажаните методи на граѓански отпор па до приказните на луѓето кои рекле ‘НЕ’ на даноците и заговорите, насилството или предавството.

Како што заклучила Хана Арендт, кога се обидувала да го разбере хоророт на 20 – тиот век, бирократскиот притосок за ‘следење на наредби’ може да биде екстремно релевантен, без разлика на човековата совест. Спротивно на ова, логично е да се потенцира не – соработката со такви барања како клуч за трансформација.

Но не – соработката секако има свои граници во однос на создавање на социјални промени. Како што нагласува Џин Шарп, човековата способност за вакви форми на акција е вградена во неговата природа, но не е доволна за долгорочни цели насочени кон мир и социјална правда. 

Можеби знаеме како да собориме диктатор, но не знаеме како да го замениме политичкиот систем кој е дисфункционален за да тиранијата не се врати пак. Знаеме како да формираме социјални движења, но не и како да ги одржиме за да постигнеме трансформација на општеството во големи рамки.

Па, како да се обезбеди овој линк кој недостасува меѓу индивидуалните акти на морална храброст од една страна, и ваземната соработка да се промени системот на општеството од друга страна?

Одговорот е да се препознае и активира нашето чувство за споделена хуманост како континуиран и свесен избор.

Разбирањето на соработката е пософистицирано благодарение на последните напредоци во истражувањата. Теоретичарите кои се занимваат со вродената агресија како проблем, пробале да го популаризираат лажното верување дека луѓето инстинктвно се конкурентни, натпреварувачки настроени. Во екстремни случаи, се верува дека тие ја подржуваат заблудата дека војните се неизбежни. Но расте бројот на истражувања кои покажуваат спротивни заклучоци. Антропологот ДагласФрај, на пример, ги собрал научниците од различни полиња за да ги испитаат агресијата и човековата природа. “Од археолошките, номадските истражувања, приматологијата и еволуционарната теорија”, тој заклучил дека “кај луѓето војната е новост, а не стара навика, и војната е способност, а не еволуирана адаптација. Накратко, војната била ретка дури и не постоела во услови во кои нашите видови еволуирале но очигледно пораспространета во понови времиња.”

Како што Елионор Остром и други покажале, ‘преживувањето на најсилните’ не е само погрешна наука, туку целосно неадекватно како водич за човековото однесување и еволуирањето на општеството – со оглед дека светот се соочува со серија глобални кризи кои бараат во голема мера кооперативно реакции. 

Новата наука за соработка развиена од Фрај, Остром и други колеги не ги впипува агресијата или компетитивноста во човековата приказна, туку ја истакнува соработката како витална противтежа. Навистина, некои истражувања сугерираат дека човековите битија најдобро би се разбрале како ‘супер – соработници’ чиешто целосно постоење е само одраз на грижа и загриженост – од нашето прво искуство во семејството до однесувањето на оние кои ги ризикуваат своите животи за некој непознат. Како што покажа и примерот со Јевтиќ, не сите луѓе се робови на инстинктот кога се под притисок.

Овие резултати се особено битни при ненасилен активизам на повисоко ниво, кој се јавува како природна територија за таков тип на соработка. Но како што изјавил Џек Дувал (Претседател на Меѓународниот центар за ненасилни конфликти), овие особини често се краткотрајни, делумно бидејќи не – соработката отсекогаш била доминантна стратегија, “До сега би требало да сфатиме дека постојат и други критички димензии во ненасилната борба кои влијаат врз издржливоста и јачината на движењето, настрана од специфичните тактички акции.”

Најголем дел од движењата кои се ненасилни ќе ви кажат дека работите станале потешки не кога се соочувале со непријателот, туку кога се соочувале со сојузникот.

Друга причина е тоа што начинот на функционирање на најголем дел од современите системи е да ги спречи луѓето да работат, дејствуваат заедно, посебно кога станува збор за работи кои се навистина важни, како раѓањето на економија фокусирана на индивидуата. Подели и владеј правилот е врежано во културата на општеството од страна на корпоративните медиуми, притискајќи ги луѓето кон поделби и негрижа едни за други. И додека соработката е втемелена во нашата ДНА, сепак мора да се развива и користи свесно, но како? Овде, подлабоки лекции за различните облици на моќ може да се научат од херојството на Јевтиќ.

Кенет Боулдинг, познат економист и миротворец, ја дели моќта на три различни категории: моќта на закана или принуда (‘дај ми тоа што сакам, или…’); моќта на размена (‘дај ми тоа што сакам, а јас ќе ти дадам тоа што ти сакаш’); и интегративна моќ онаа која Јевтиќ ја покажал кога го ризикувал својот живот за други. Оваа моќ делува едноставно и храбро, ‘Ќе го направам она што мислам дека е правилно’, и ќе не донесе поблиску преку зајакнување на она што ни е заедничко. 

Јевтиќ одбил да соработува со српската армија која се обидувала да дехуманизира други луѓе. Тој покажал дека длабока врска со истата хуманост кај други може да направи возможно да се соработува и преку линиите на разлики, без разлика дали е во екстремни случаи или во секојдневни активности.

Интегративната моќ покажува како ненасилното движење може да поттикне ист одговор кај другите помагајќи им да се поврзат со своите резервоари на морална храброст, како би го одржале своите напори во текот на времето. Оваа креативна сила е баш таа која може да се трансформира во цврсти политички акции кои се надвор од границите на граѓанска непослушност, создавајќи нов економски и политички систем околу различните слики за тоа што е возможно, и кои сме ние навистина. 

Махатма Ганди рекол “Постојано сме запрепастени од неверојатните откритија на полето на насилството. Но тврдам дека далеку поневеројатни откритија ќе се направат на полето на ненасилството.” 

Како што покажал Александар Јевтиќ во Вуковар, соработката едни со други и со она што е најреално длабоко во нас е едно од тие неверојатни откритија.

 


 popularresistance.org

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.