Тројца приведени, 15 повредени во нередите пред арената Филип Втори
15-тина лица се повредени, меѓу нив и полицајци, редари и случајни минувачи. Приведени се три лица на возраст од 15 до 25 години, против кои ќе биде поднесена соодветна пријава.
МВР се уште работи на откривање на идентитетот на другите учесници во инцидентот кој се случи вчера, непосредно пред фудбалскиот натпревар Вардар – Стеауа. Македонските навивачи не покажале спортски дух уште на пречекот на Романците кај Визбегово.Судирот ескалирал половина час пред натпреварот кај јужната трибина кога вратите биле затворени за навивачите на Вардар.
Навивачката група која броела речиси две илјади луѓе се обидела насилно да ги отвори вратите и успеала, но наишла на отпор од полицијата.
Во инцидентот била нанесена штета на околните угостителски објекти, а оштетени биле и неколку приватни автомобили паркирани во близина на стадионот.
Извор 24вести