Нема работа, нема бебе

 Со процент на сиромаштија од 30 отсто и исто толкав процент на невработени, одамна е загрозена стапката на проста репродукција. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последното тромесечје од 2012 година, Македонија имала активното население од 948.125 лица, од кои биле вработени 657.849 лица, а невработени 290.276 лица. Стапката на вработеност во овој период била 39,3 отсто, а стапката на невработеност 30,6 отсто.

Лани во земјава вкупно биле родени 23.752 деца, што е за 3,5 проценти повеќе отколку во 2011 година. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,1 години. Во семејствата просечно се раѓаат 1,5 дете, а за проста репродукција е потребно 2,1. Во голем дел од општините има негативен природен прираст, бидејќи бројот на починати лица е поголем од бројот на родените. Пелагонискиот регион има минус три промили стапка на природен прираст. Вардарскиот регион има 0,33 негативен природен прираст, а Источниот, негативен прираст од 1,9.

Колку за илустрација, во Делчево лани се родиле 145 деца, но истата година од службата за превентива и вакцинација биле одјавени околу 30, бидејќи семејствата се иселиле во странство. Континуиран пад на наталитетот има во малешевската општина Пехчево. Во последните 10 години бројот на раѓања е намален до 70 отсто. Така на пример, во 2008 години имало 78 новородени, а во 2012 само 24.

Во Македонија има стотици показатели дека склучувањето на бракови и раѓањето деца е поврзано со економската моќ на граѓаните. Исклучоците од овој тренд само го потврдуваат правилото.

Извор Јавност.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.