„Нема правда, нема мир“ – нова песна и спот на Бени и Нонстоп

Македонскиот рок состав Бени и Нонстоп сними нова песна и видео спот насловени со актуелниот демонстрантски слоган – „Нема правда, нема мир“.

Вокал е Бени Шакири, на бас е Горан Станковиќ Црни, на клавијатури Душко Ичев, на тапани Владимир Икономов Хистер и Златко Михајловски Бумбар, а гитарата е на  Бобан Василески.

Спотот снимени низ улиците на скопскиот центар е во режија на Чедо Поповски.

Во продолжение текстот на песната:

 

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР

 

СЕКОЕ УТРО, КАО И СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН

СЕКОЈ ЗА СЕБЕ, СЕКОЈ СЕ ПРАВИ НАУДРЕН

НАСМЕВКИ МАЛКУ, ЛОШО СТОИМЕ

ЖИВОТОВ СИВ, МОРА ДА ГО ОБОИМЕ

 

БУДЕН ДО ЗОРИ, А НЕ СУМ БАШ И ТОЛКУ МЛАД

ТЕШКО МИ ОДИ, НЕ НАУЧИВ ДА БИДАМ ГАД

МАЛКУ МИ ТРЕБА, ДА СЕ РАДУВАМ

ДОБАР И ГЛУП ОСТАНУВАМ

 

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР

НИГДЕ НЕМА ВАКОВ ФИЛМ

САМО САКАМ ДА СУМ СВОЈ

ОДБИВАМ ДА БИДАМ БРОЈ!

 

ЗНАМ ИМАШ ПРОБЛЕМ, ВО ОЧИ ДА МИ ПОГЛЕДНЕШ

ЗА ДА МИ КАЖЕШ, СÈ ШТО САКАШ А НЕ СМЕЕШ

ОБРАЗ Е ОБРАЗ, НЕ СЕ ПРОДАВА

ОТИШЛО СВЕ У БЕСТРАГА

 

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР

НЕ СУМ ГЛЕАЛ ПОЛОШ ФИЛМ

САМО САКАМ ДА СУМ СВОЈ

ОДБИВАМ ДА БИДАМ БРОЈ!

 

НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР

САМО САКАМ ДА СУМ СВОЈ

ОДБИВАМ ДА БИДАМ БРОЈ!

Leave a Reply

Your email address will not be published.