Нема кратење на средства за градинка во Кавадарци, Пеливанова со обид за ефтини политички поени!
Владата има пари за опремување нова градинка во Кавадарци
Министерката за Труд и социјална политика, Мила Царовска, ја демантираше претседателката на совет на општина Кавадрци, Горица Пеливанова-Вилхелм која преку популистички говор изјави дека ќе се крателе пари за градинка во Кавадарци.
Царовска изјави дека ќе нема кратење на средства за опремување на нова детска градинка во Кавадарци откако истата претходно треба да биде изградена од локалната самоуправа на општина Кавадарци.
Претходно на прес, Пеливанова-Вилхелм изјави дека владата на СДСМ скратила средства кои биле наменети за изградба и опремување на детски градинки. Таа апелираше министерката Царовска и неодговорната влада на СДСМ да се вразумат и веднаш да се одобрат средства за детска градинка во Кавадарци.
За десет години владеење на злосторничкото здружение на ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата пајташка фамилија, во Кавадарци едвај беше отворена една просторија која навидум се водеше како детска градинка. Друга веќе подолго време се гради на морбидна локација.
Горица Пеливанова-Вилхелм неколку години беше директор на основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци. Ова училиште е едно од ретките во кои сеуште нема спортска сала за учениците иако нејзиниот лидер на големо промовираше спортски сали и грандиозни проекти од кои само дебелата провизија му се вртеше во глава и му остана во џебовите. Граѓаните скапо го платија цехот а Груевски и многумина од ДПМНЕ ги чека обвинителна клупа, решетки и сапун. Нормално, ако има правда.