Нема договор за надминување на буџетската криза во САД

Обама првично побара целата пратеничка група на републиканците, од над 200 конгресмени, да дојдат во Белата куќа, но нивното раководство реши да не дозволи можност за разногласија меѓу републиканците и на средбата ги испрати само водечките конгресмени.
По средбата, двете страни не соопштија што е договорено.
Едната можност, која ја понудија републиканците, а за која и Обама се изрази позитивно, е да се донесе краткорочен буџет, со важност меѓу четири и шест недели, да се зголеми лимитот на американскиот долг и да се избегне поопасната од двете економски блокади со кои се соочени САД – забраната за нови
задолжувања.
Во меѓувреме, нема најави за брзо решавање на проблемот со блокирањето на буџетот на централната Влада, кое трае веќе девет дена.
Обама вчера попладне организираше слична средба и со безмалку сите демократски конгресмени, на која биле изнесени критики на сметка на претседателот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.