(Фото)”Нема да молчиме нако нашите родители” – порака од студентите
Студенти, средношколци, професори, родители и граѓани од сите краишта на Република Македонија се собраа пред Универзитетот „Свет Кирил и Методиј” да го подржат маршот кој го организираат студентите.
Маршот ќе биде сконцентриран пред Собранието и Владата на РМ каде младите ќе го изразат својот револт против воведување на екстерното образование на факултети.
Се виорат најразлични ранспаренти од кои најизразен е „Мислам, значи заокружен сум”.
Реката од граѓани помина и покрај Јавниот сервис МТВ извикувајќи „МТВ, еве сме”, „МТВ, ние сме студенти, а не клиенти”, “Нема да молчиме нако нашите родители”…