Кавадаречки пајташи на Груевски лепат некролози од Китев низ градот!

Нов тест на кавадаречката примитивност, излепени некролози од Бетиан Китев

Утрово, “урбано” Кавадарци осамна во својата примитивна колевка. Во моменти кога колективниот разум “пресече” дека дел од кавадаречката глупоштина го има од поодамна достигнато својот највисокиот левел на неинтелигентност, се случи уште поголемо “ремек” дело. Денеска, Кавадарци осамна излепен и обвиен со некакви ,,потерници’’, навидум  некролози од Бетиан Китев, пратеник од СДСМ, претставник од општина Кавадарци.

Не успеавме да го добиме на линија Китев, но за Фокус изјави дека за време на локалните избори во 2013 година се случи истото што и денес. Вели:

Како може свесен човек да реагира на нешто вакво? И моите родители ги видоа овие плакати, но тие се цивилизирани луѓе, ги замолив да не се потресуваат, иако сигурно претпоставувате како се чувствуваат. Имам информации дека ова е организирано од Скопје, ноќе се лепат плакатите, за наутро граѓаните да ги видат. Искрено, очекував нешто вакво, бидејќи започнаа и во други градови, со ликови на останати пратеници. Нема што да се коментира, самото дело кажува се.вели Китев во телефонски разговор за Фокус.

Кавадарчани, нашите сограѓани кои сеуште го користат мозокот како средство за размислување, се изненадени од денешното утро и она што го видоа со сопствените очи. Реагираат за овој немил настан за кој бараат од надлежните овој случај да се расветли во најкраток можен рок а сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Кавадарци полека но сигурно се претвора во паланечка средина. Да не дозволиме идиотизмот и маленкоста на малкумина да надвладеат врз здравиот разум на повеќемината. На следните избори, без разлика кои, на ова лудило мора да му ставиме крај!