ИНТЕРВЈУ – АРСЕН ДЕДИЌ – НЕКОГАШ СЕ КОЛНЕВ ВО ЉУБОВТА, А СЕГА ВО СПОМЕНИТЕ

Средбите со легендата Арсен Дедиќ секогаш се инспиративни и се ново доживување. Се сретнавме во неговиот „втор дом“ бистрото на загрепскиот хотел „Експленада“. Облечен во црна маичка за која се пофали дека му ја донела ќерка му Сандра од Америка, смирен, разговорлив имаше само една молба – да не говориме предолго.

 

– Секој ден е нешто ново. Она што сега ме интересира е што пишувам како поет и композитор. Неодамна добив награда „Киклоп“ (трета во низа) за мојата најнова книга „Капки за очи“, на фестивалот во Пула .Работам деноноќно, ама не сум задоволен од она што сум го направил, како на пример, некои интервјуа на телевизија каде што јас не сум тој. Кај мене понудата е минимална, а барањата енормни. Само ги слушам барањата:„Арсен, напиши ми текст, напиши ми музика…“ Пред неколку дена на барање на мојот драг Масимо Савиќ му напишав музика, за мојата стара пријателка Тереза („Нисам знала бити млада“), за Ксенија Еркер „Дије нестало вријеме“, една мала русокоса на која и го заборавив името… Снимав и 12 дуети од Едо Маајка до малечката Мартиновиќ. Понудата од моја страна е никаква.

 

А сите и понатаму Ве бараат?

 

– Да. Само ја развивам вештината на одбивање и одам по тоа кој која боја бара и што бара од мене. Другото е историја. Во својата 76 година (Габи сега полни 78) ја напишав песната насловена „Дошло доба да се иде гроба!“. На 24 февруари е 50 години откако дипломирав на Музичката академија во Загреб. Првпат на телевизија настапив во1958-та, а сега веќе поминаа 11 години од операцијата на црниот дроб во Падова. Многумина од мое време заминаа во вечните ловишта, а јас уште можам да си испијам црно вино, да комуницирам и да се дружам со драги луѓе. Тоа така си го „преведов“: „Кој го сака Господ предвреме си го зема кај себе, а другите ги остава да се мачат!“

 

Од себе, а и од своите, секогаш го барате врвното. Постои ли во животот нешто врвно?

 

Тешко е да се одговори на ова прашање. Секако дека постои. Како што се, на пример врвните мајстори како: Моцарт, Вагнер, Малер и така по ред. Има во светот совршенство и во музиката и на филмот и во поезијата… Се сеќавам на мојата музика што ја компонирав за „Возот во снег“, „Донатор“, „Глембаеви“.

А имам напишано музика за околу 150 театарски претстави. И денес се изведуваат дела на мојата музика во Дизелдорф, во Салзбург… Сакам да кажам дека целиот живот ми беше само работа, работа и работа. Некогаш се колнев во љубовта. Во животот имам се по два: Шибеник и Загреб, еден факултет друг факултет, едно средно музичко училиште во Шибеник, едно во Загреб, два брака, две деца, две внуки и покрај тоа што кај пријателките се препорачував, ама со мал успех.

 

„Куќата покрај морето“ е една од Вашите евергрини. Кому му е посветена песната?

 

– Куќа поред море (се наоѓа на Сланица на островот Муртер з.н.) е чиста вистина. Куќата се градеше и немаше ни прозорци ни врати. И во неа ја донесов познатата пејачка на забавна музика и лесни ноти – Габи Новак. Денес сме 47 во брак и имаме неколку години предбрачни односи. Првата ќерка Сандра сега има 54 години. Кога беше таа куќа покрај море, а?

 

Неодамна се случи промоцијата на Вашиот документарен филм. Колку во него „влезе“ сето она што е Ваше?

 

– Филмот пред две недели доживеа премиера во „Сава центарот“ во Белград и го гледаа 42.000 луѓе. Импозантно. Ама според мене во него не влезе, како што велите, се’ од мене. Не е тоа прв документарец кој зборува за мене. Снимаа за мене и во Чехословачка, па Здравко Шотра и Срѓан Карановиќ, Силвијо Хум. Јас сум на прв поглед отворен, ама во суштина сум затворена личност.

 

Вино и гитаре. Љубов и жени. Со кого Ви е најубаво?

 

– Сакам да си испијам некоја чаша вино, сакам убави жени. Баба ми исто така си пиеше наутро филџан кафе и една „траварица“. Сум испил јас многу во животот, заболев од црн дроб, ама ме урна една тегла ајвар што ми ја подари еден пријател од Славонија. Утредента завршив на Итна помош поради труење.

 

Што ви асоцира на Македонија? Што би порачале на читателите?

 

– Би сакал да пратам неколку поздрави до моите во вашата преубава земја. Калиопи, Горан Стефановски, Каролина Гочева и на мојата најмила пријателка од студентските денови Јасминка Чакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.