Негативното влијание на секојдневното туширање

Многумина денот го започнуваат со туширање со топла вода и купка. Тоа се смета за одраз на културата и водење сметка за хигиената на нашето тело. Но, треба да се знае дека секојдневното туширање има и негативни последици. За негата на кожата треба да се води сметка во текот на целиот живот. Невозможно е да се избегнат негативните влијанија од времето, загаденоста и сите други фактори кои влијаат на здравјето на кожата. Наједноставен начин за остранување на сите овие нечистотии е туширањето со топла вода, но доколку го правиме тоа пречесто ќе ја уништиме кожата на телото.

Горниот слој на кожата кој служи како заштита од сушење, всушност се уништува со честото туширање и со поминувањето низ телото со разни сунѓери за пилинг. Доколку сте едни од оние кои не можат да замислат денот да им помине без туширање, тогаш добро би било да користите помлака вода, купки на поприродна база и да не се бришете со крпата по туширањето, туку да оставите водата сама да се упие во крпата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.